Заев: Имаме постигнато договор за 5 историски личности и за 3 историски периоди

Премиерот Зоран Заев смета дека денешната средба со неговиот бугарски колега Стефан Јанев и заедничките напори за воспосвување на атмофвера на доверба ќе биде дополнително охрабрување заедничката комисија да работи уште поефикасно и да се постигне договор за уште историски личности или периоди. Во еден убав амбиент политички, рече, дури и големите прашања лесно се решаваат.

-Имаме постигнато договор за пет историски личности и за три историски периоди. Впрочем, заедно ги славиме. Нашите двајца претседатели беа во Ватикан и се поклонија пред Свети Кирил и Методиј и заедно го славиме тоа, како што е и Свети Климент и Наум, како што е и Цар Самоил. Таквите успеси треба да не мотивираат да одиме и понатаму затоа што низ овие експертски комисии тие работат на основа на факти и работат на основа на сознанија, рече заев одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата по средбата со Јанев во Софија.

Потоа, рече, треба да следува имлементација и во учебниците затоа што, како што истакна, така ќе ги учиме младите генерации што е историската вистина за која што сме се усогласиле.

-Од самиот договор постои можност да се изнајдат такви решенија, јас би кажал дури и да ги нема треба да ги измислиме како не поврзуваат, како не прават попријатели, како го зближуваат нашиот народ и ги учат младите генерации на соработка. И на крајот на денот навистина јас сум убеден дека за се постои решение. Како што кажа и премиерот Јанев политичарите мораме да ги носиме политичките одлуки, историчарите се тие што треба да работат експертски и историски, но ние политичарите треба да ги носиме политичките одлуки и во еден убав амбиент политички навистина дури и големите прашања лесно се решаваат. Но, кога е лош политичкиот амбиент дури и најситното прашање претставува голем проблем. Затоа верувам дека ќе имаме уште поголеми резултати од историско-образовната комисија од бугарска и македонска страна, истакна премиерот Заев. 

Тој додаде дека историјата е многу важна. но оти уште поважна е и сегашноста и иднината.

– Историјата е важна заради тоа што е основа за подобра сегашност и најдобра иднина. Еден паметен човек рекол за да ги отвориме прозорците на иднината мораме да ги подзатвориме малку вратите на минатото. Не да ги затвориме, да ги подзатвориме оти во спротивно ќе се јави провев која што ќе ја издува сегашноста, а и посебно иднината. Ние им должиме иднина на младите и на децата и треба да работиме на таа иднина, нагласи премиерот.  

Тој одговараше и на новинарско прашање дали постои можност земјава да го отвори уставот и во преамбулата да биде ставен и бугарскиот народ.

-РС Македонија прeд членството мора да го отвори Уставот и наш став е сите помалку бројни народи во нашата држава да бидат впишани, вклучително и бугарскиот, хрватскиот народ не е впишан – имаме хрватска заедница и други заедници кои што ги немаме. Нашиот Устав е создаден 1991 година и тогаш е создаден покрај македонскиот, албанскиот народ, впишани се и Бошњаците и Србите, и Турците, и Власите и Ромите и вика и другите народи, така што ако сакаме да бидеме земја членка на ЕУ треба да имаме европски устав во којшто по примерот на една Хрватска на пример ќе ги впишеме и другите народи, истакна премиерот на прес-сконференцијата во Софија. 

Во врска со средбата со лидерите на некои политички партии во Бугарија премиерот Заев истакна дека сакал да го чуе и нивното размислување, да им ги пренесат наште ставови и намери, иако, како што рече институциите се тие кои носат решенија.

-Денеска се сретнавме со лидерите на две политички партии, а побаравме средба со четирите најголеми политички партии согласно резултатите од последните избори. Двете други политички партии културно ни одговорија – кој е во Русе во кампања, кој е во друг град, секако следна прилика ќе се видиме двајцата други лидери. Претседателот на ГЕРБ Бојко Борисов и претседателката на БСП Корнелија Ненова најдоа време и разговаравме навистина, наше е да ги информираме, да им кажеме за намерите и слично, рече Заев.

Тој додаде дека Владата и Претседателот во Бугарија се институциите кои можат да учествуваат во донесување решенија.

-Тие се институциите што носат одлука, но, куртоазијата и со политичките лидери е прво дипломатска куртоазија која што сакаме со пријателска Бугарија да ја направиме и ја направивме и јас верувам дека одлуките се можни. Јас верувам дека не се нерешливи проблемите и јас верувам дека интерес и на Република Бугарија и на целиот бугарски народ е целиот регион на Западен Балкан, а посебно Република Сецерна Македонија да го продолжи својот пат кон интеграциите во ЕУ, рече премиерот Заев во одговор на новинарско прашање. 

-Ние немаме проблем со отворање на нашите историски архиви. Денеска приложивме декларација од 2006 година што е донесена од нашиот македонски Парламент, осудувања на постапките од времето од 1945 до 1990 година кои се случувале врз сите граѓани од тогашниот комунизам, вклучително и граѓаните со бугарска определба во државата и тоа го приложивме денеска. И немаме дилема дека секое време имало свои специфики во сите земји, така и во РС Македонија, рече Заев.

Премиерот Заев напомена дека земјава во моментов има и свој специјален претставник во Бугарија, а во тек е и постапка, како што додаде, именување амбасадор.

-Ние имаме секако овде и специјален претставник, Владо Бучковски кој доаѓа и разговара. Во постапка сме на именување амбасадор зашто консултациите кај нас покрај со претседателот на државата коалиционо внатре траат, а имаме и мултиетничка коалиција, а и коалиција од 26 политички партии и на крајот тоа поминува и низ Парламентот каде што претседател на Комисијата е еден од потпретседателите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски. Не е ова лесно да го направиме и затоа и специјален претставник избравме, Бучковски, кој може да биде од помош и тој е често тука. Тој е универзитетски професор и доаѓа тука и навистина е од помош и верувам дека помага дефинитивно, нагласи премиерот Заев.

Тој ја предводи македонската делегација на денешните средби со Јанев и бугарскиот претседател Румен Радев, а целта на работната посета на Софија е интензивирање на напорите за наоѓање решенија за отворените прашања и деблокада на македонскиот евроинтерграциски процес. Посетата се случува една недела пред состанокот на Советот за општи работи на 22 јуни и пред Самитот на ЕУ на 24 и 25 јуни.  Во македонската делегација, покрај Заев се и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе