Заев: Истрагата за обидот за бегство на Мијалков мора да се спроведе до крај

Истрагата за обидот за бегство на Сашо Мијалков мора да се спроведе до крај, за да видиме дали некаде системот затаил, дали имаме одредени слабости, дали се тоа институциите под извршната власт МВР, АНБ и други институции или во правосудството – обвинителството, судот или слично за да можеме повторно да извлечеме поуки и да видиме каде се слабостите со цел нивно отстранување, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања по заедничката прес-конференција со вицепремиерот Љупчо Николовски, на која беше претставен планот за борба против корупцијата.

Во однос на обидот за бегство за Сашо Мијалков, Заев рече овој случај ги охрабрил граѓаните дека е можна правда, и потсети дека државата поминала 11 години во режим и сомневање за украдени стотици, ако не и милијарди евра.

– Правото на жалба останува на секој и во второстепени инстанци, па дури и пред меѓународни институции, но ја испративме пораката дека има правда. Ако има правда, има и мир и тука нема никакви дилеми, рече Заев.

Прашан кога планира да се направи демонтажа на претходната власт, Заев рече дека право на впечаток имаме сите, но дека е факт тоа што имаме завршени со правосилни пресуди голем број случаи поврзани со претходниот режим и дека тоа ја испраќа пораката за правда и правичност и дека законот важи за сите.

– Дел од овие судски предмети завршуваат и овие денови, како што беше минатиот петок – изрекување на казна за најзначајниот според мене случај произлезен од процесот на Шарената револуција заради прислушкувањето на повеќе од 20 илјади граѓани, преку кој што видовме огромен број на незаконски и коруптивни дејствија во нашата држава. На крај е вториот по значење случај, според мене, а тоа е „Титаник“. Изборите се врв на демократијата и пораката и тука ќе се испрати согласно доказите, сум убеден, да не му текне на никој повеќе да ги крши изборните процеси, како што нема да му текне на никој повеќе да стави слушалки да снима граѓани, неовластено и незаконски, како што тоа го правеле во минатото, изјави Заев.

Во изминатиот период, рече Заев, имаме сериозни успеси на ова поле и зголемена е на немерливо повисоко ниво транспарентноста, отчетноста, одговорноста и респонзивноста на институциите.

– Денеска граѓаните знаат секој министер колку кафиња и колку води нарачал. Отворено е комплетно сè. Денеска секој граѓанин на еден клик од својот компјутер може да следи 100, 200, 300 денари, милиони. како се трошат во државата. Услов за потпишување на договори и влегување во реализација по пат на јавни набавки е договорот да биде јавно и транспаретнот објавен, каде што се гледа кој е изведувачот, под кои цени и кои услови. Многу работи се променети во државата, изјави Заев.

Премиерот посочи дека имаме јакнење на безбедносните службите кои што се под извршната власт и сите институции кои се бават со спречување на организиран криминал и се борат против корупцијата, но дека ќе го јакнат и правосудството.

-Веќе 60 наши граѓани се во тек на учење во Академијата за судии и обвинители, а безмалку сто се следните кои почнуваат, сега во тек се конкурсите и постапките за избор и нивна селекција. Значи, го јакнеме тој капацитет, но истовремено ќе ги зајакнеме технички, материјално финансиски и ќе ги зајакнеме истражните центри, изјави Заев.

Тагови
реклама

Принцот Филип беше против разводот на Чарлс и Дијана: Никој со здрав разум не би ја оставил за Камила

Read more

Текстилниот сектор пред колапс

Read more

Американски водител: Бил Гејтс мисли дека е Бог

Read more

Кои се голите девојки уапсени во Дубаи и кој стои зад сето тоа?

Read more

Хроника

Разбиена група нарко-дилери, запленета дрога во вредност од над 800 илјади евра

Read more

Претрес во домот на oхриѓанец, пронајден кокаин

Read more

Приведен кумановец за недозволено поседување оружје

Read more

Извршена обљуба врз 18-годишна девојка во Струмица

Read more
 

Вести

  • filter

Паркот на природата „Езерани“ плени со својата разновидност и убавина

Читај повеќе

Во ковид-центрите во земјава се лекуваат 1.699 пациенти

Читај повеќе

Србите од средина на април ќе можат во Грција, а од 14 мај и преку С. Македонија

Читај повеќе

МОН: Нови наставни програми за првачињата – основа и поттик за креативен пристап во наставата

Читај повеќе

Бразил е закана за целиот свет, откриени 92 мутации на коронавирусот

Читај повеќе

Град Скопје наскоро ќе почне со имплементација на проектот – брз автобуски превоз

Читај повеќе

Илјадници луѓе протестираа против рестриктивните мерки во Виена

Читај повеќе

Принцот Филип ќе биде погребан на 17 април

Читај повеќе

Вакцинацијата на новинарите и медиумските работници е во понеделник

Читај повеќе