Заев: Измените во законите за пасошите и личните карти важат за сите

Измените на законите за пасошите и за личните карти се усогласување согласно Уставот, каде се впишува уставното име на државата. За да биде појасно законите во нашата земја во делот на етничката припадност и употребата на јазиците се јасни и тоа не е веќе опција во новите закони, дали граѓанинот ќе побара, помалку бројните етнички заедници, да го имаат на својот јазик пасошот или личната карта или не, туку дефинитивно тоа е закон и важи за сите.

Ова е одговорот од премиерот Зоран Заев на новинарско прашање за Предлог-измените во законите за пасошите и личните карти, дали измените ќе важат за сите граѓани или само за оние што тоа ќе го побараат и дали етничката припадност ќе биде вметната и ќе важи за сите или само за оние што тоа ќе го побараат.

– Штом е граѓанинот од албанска етничка заедница, турска, влашка итн… ако побара секако на својот јазик, ќе го добие патниот документ на својот јазик. Тоа се измените, изјави Заев на денешната прес-конференција.

За политичкиот став по ова прашање, Заев потенцира дека веќе се имаат изјаснето уште при уставните промени и, како што рече, стоиме позади тоа.

– Дефинитивно МВР прави проекции колку тоа ќе ја чини државата, кои се постапките и процедурите за да можеме да навлеземе во поддршка на законски решенија, каде што на граѓаните од помалку бројните етнички заедници, во конкретниот случај од албанската етничка заедница, ќе може да им биде впишана и етничката припадност. Тука имаме договор заради тоа што македонската е впишана и дефинитивно немаме никакви дилеми во тој дел, изјави Заев.

Тој додаде дека тие се изјасниле, ги консултирале партнерите, ЕУ и сите засегнати страни и тоа е апсолутно, како што рече, во духот на слободата на определување, ние сме мултиетничка земја.

– Правиме разграничување на државјанството со етничката припадност. Државјанството останува онака како што е утврдено и по законите и по договорот од Преспа, тоа е македонско кроз граѓани на Република Северна Македонија, рече премиерот Заев. 

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Македонија

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Read more

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Read more

Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Read more

Пендаровски: Анализите ќе покажат дали граѓаните ме казнија мене поради СДСМ

Read more
 

Вести

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Читај повеќе

Пендаровски: Анализите ќе покажат дали граѓаните ме казнија мене поради СДСМ

Читај повеќе
  • play_arrow

Османи: Европскиот фронт станува една голема локомотива за европската иднина на нашата држава

Читај повеќе

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Читај повеќе

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе