Заев изрази сочувство за геноцидот во Сребреница

Скопје, 11 јули 2019 (МИА) – Премиерот Зоран Заев во објава на неговиот Facebook профил во името на граѓаните на Северна Македонија изразува најдлабоко сочувство и солидарност кон семејствата на сите настрадани во Сребреница, но и за сите жртви коишто залудно го загубија својот живот во војната во Босна и Херцеговина.

„Поминаа 24 години од страшното злосторство против човештвото, кога во периодот од 11 до 23 јули во Сребреница и во нејзината околина, беа убиени повеќе од 8.000 припадници на бошњачкиот народ, но болката и сеќавањето остануваат. Тоа што се случи во Сребреница е еден од најголемите порази на цивилизациските вредности и лекција што мораме да ја научиме, еднаш засекогаш“, пишува премиерот.

Тој додава дека како дел од семејството европски народи, ги делиме одлуките од Резолуцијата на Европскиот парламент од 15 јануари 2009 година со која 11 јули се прогласува за Ден за комеморација и најсилно се осудува геноцидот во Сребреница со апел дека таквите ужасни злосторства никогаш повеќе не смеат да се повторат.

„Злосторството против човештвото врз цивилното население во Сребреница засекогаш ќе остане потсетник за ужасите на војната и на екстремните форми на национализам“, наведува Заев на Facebook.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Македонија

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Read more

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more
 

Вести

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе