Заев ќе побара разрешување на Пауновски

Премиерот Зоран Заев денеска најави дека, иако Стојко Пауновски е негов личен исклучително добар пријател, ќе побара од службите на Владата да го разрешат. Смета дека за тоа постои основа и очекува да биде покрената постапка.

Недозволиво е, рече Заев, секој ден преку медиумите некој да води полемики со потпретседателот на Владата, а сега веќе и со премиерот. Тоа е пркос што не е дозволен. Во Владата има хиерархија и се знае како треба да функционира.

-Не може да си дозволите јавно да давате вакви коментари, понижувајќи ги претпоставените за нешто е толку транспарентно и воспоставено на одлилчни, искрени основи – самите институции да дадат фидбек. Ако нема систематизирано место или не може да се систематизира, не мора да се прими никој. Но, народот очекува од нас ова да го решиме зашто поминуваат години, се плаќаат луѓе, а не работат ништо. Сериозно е тргнат процесот за распредлеба на тие луѓе, нагласи Заев.

Соопштувајќи ги актуелните бројки за „рамковните“ вработувања, премиерот рече дека 1349 луѓе беа дел од процесот, 1182 прифатиле распоредување во институциите, 38 одбиле и одат на трансфер листа, додека 13 сами дале отказ.

-Вкупно 87,62 отсто е вкупно успешен планот досега, 9,49 отсто дали оставка, 2,82 одбиле, 9,49 проценти дале оставка и 0,07 се пензионирани. Сите овие граѓани се наши, зимале плата, а не работеле ништо и треба да ги распоредиме. Побаравме секоја институција да влезе во рамките на Законот и да соработува со Владата за спроведување на овој план кој е дел од владината програма. И во некои други институции немаше примање целосно, но секој ден да водите полемика со потрпетседател на Владата, со претседател на Владата, со институциите, е пркос што не е дозволен. Ние имаме целосна одговорност пред граѓаните и затоа поставената хиерархија мора да функционира успешно и професионално. Се работи за мој исклучително добар пријател, Стојко Пауновски, но го кажувам тоа што е принцип, објасни Заев, додавајчи дека ваквиот однос на Пауновски е доволна основа за негово разрешување.

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски рече дека и по цена да биде разрешен, нема да ги прифати сите 35 рамковно вработени.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Read more

Без вода дел од Карпош

Read more

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд

Read more

Од ДУИ ме нарекуваат анти Албанец и ксенофоб затоа што гласно говорам за нивниот криминал, рече Мицкоски

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Андерс Рослунд во Скопје: Генијалниот автор на крими жанрот доаѓа на Саемот на книга

Читај повеќе

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Читај повеќе

Временски сензации – изложба на скулптурите од керамика на Боро Новаковски

Читај повеќе

Најмалку 20 тела во распаѓање пронајдени на брод во Бразил

Читај повеќе

Без вода дел од Карпош

Читај повеќе

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: Група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Читај повеќе

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд

Читај повеќе

Г7 подготвува мерки против Иран

Читај повеќе