Заев: Конечно ја докажав мојата невиност и дочекав правда

Скопје, 21 мај 2018 (МИА) - Среќен сум што добив ослободителна пресуда и што конечно ја докажав мојата невиност и дочекав правда, изјави премиерот Зоран Заев денеска по објавувањето на ослободителната пресуда за предметот „Поткуп“.

Тој посочи дека Република Македонија може да биде нормална земја само ако има независно судство и транспарентни постапки, каква што беше и постапката за предметот „Поткуп“.

Премиерот рече дела ќе го почекаат и правото на жалба на пресудата од страна на Обвинителството.

Пред медиумуте Заев повтори дека очекувал пресудата да биде ослободителна, бидејќи како што кажа, во доказната постапка ги докажале сите работи, а потоа се случи и преквалификација на обвинението.

Заев побара од институциите кои ја имаат јавно да ја објават целата снимка од ПИ-мерките и како што рече ако му ја достават, тој лично ќе ја објави за да се види дека не барал поткуп.

- На трите места каде што е прекината снимката точно ќе се види за што станува збор и како злонамерно било кратењето кога разговараме за цемент, бетон, железо, за плата на работниците... Драго ми е што Судот ја утврди вистината. Се што сум правел во Струмица беше транспарентно и на достап на јавноста. Апелирав бизнисмените да бидат пример за граѓаните и да донираат за изградба на црквата, рече Заев.

На прашање  во врска со изјавата на Никола Груевски кој пред неколку дена ја најавил оваа одлука, премиерот Заев одговори дека Груевски едно време беше добар познавач на судството и оти сега веќе тоа судство не е истото што тој го контролираше.

Судијата Дарко Тодоровски од Кривичниот суд во Скопје го ослободи од одговорноста премиерот Зоран Заев, кој беше обвинет во случајот „Поткуп“.

Во читањето на пресудата судијата Тодоровски наведе дека јавниот обвинител не успеа да докаже дека обвинетиот Заев го сторил делото што му се ставаше на товар и од тие причини донесе ослободителна пресуда.

На минатото рочиште обвинителката Валентина Бислимовска побара измена на правната квалификација на обвинителниот акт и наместо за примање поткуп, обвинетиот Зоран Заев да биде осуден за барање поткуп. Обвинителката за ова кривично дело побара од Судот на Заев да му се изрече осудителна пресуда, која, според законот, е од една до пет години затвор.

Заев на претходните рочишта рече дека се работи за монтиран случај со цел да биде спречен да ги објави „прислушуваните разговори“.

Премиерот Зоран Заев беше обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Живот

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Read more

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Read more
 

Магазин

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе