Заев: Меѓународни експерти нема да ги поништуваат пресудите, туку ќе направат свои извештаи

Меѓународните експерти што ќе бидат побарани од Европската комисија за истрага на судски случаи, што било едно од барањата на Алтернатива за да влезе во Владата, нема да ги поништуваат донесените пресуди, туку ќе дадат свои мислења кај нашите институции, рече Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања.

Лидерот на партијата Африм Гаши побарал Владата да испрати писмено барање до Европската комисија преку Делегацијата на ЕУ да испратат експерти коишто ќе направат мониторинг на случаите за кои, според Алтернатива, има сомнежи во судските одлуки и за политички влијанија, како што се Монструм, Алфа, Диво насеље, Алмир Алиу…

Заев рече дека ова е договорено зашто довербата во правосудниот систем е, како што рече, „поодамна разнишана“.  Но, тоа не значи, рече, дека некој ќе може да ги поништи судските процеси или да направи нешто спротивно на нашите закони.

Како во случајот со пожарот во болницата во Тетово, кога дојдоа германски експерти, тие  ќе треба да направат свои извештаи и да ги достават до нашите институции.

– Меѓународните експерти ќе навлезат во случајот и ќе дадат свој коментар, секако доколку тоа го прифатат. Тоа се однесува на барањата на Алтернатива, но и за неколку други случаи – за новинарот Никола Младенов и други за кои сѐ уште нема предмети. Експертите не можат да носат пресуди, не можат да судат. Доколку прифатат, а ние ќе направиме сѐ да прифати Европската комисија и делегацијата да испратат експерти, тие ќе дадат свои анализи и коментари пред институциите на нашиот систем, додаде Заев.

Тагови
реклама

Дали на Сенегал ќе му биде одземен трофејот, а на Мароко ќе му биде доделена победа од 3:0?

Read more

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Read more

Македонија

И електронските цигари влегуваат во новиот закон за заштита од пушењето

Read more

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Што сè заплени Царинската управа изминатата недела?

Read more
 

Вести

И електронските цигари влегуваат во новиот закон за заштита од пушењето

Читај повеќе

Индија и ОАЕ потпишаа договор за гас вреден 3 милијарди долари

Читај повеќе

Нуркачи спасиле двајца верници кои се фрлиле по крстот во Вардар во Скопје

Читај повеќе

Изложба на фотографии и проекција на документарен филм Старата скопска чаршија: Визии за иднината

Читај повеќе

Црна Гора ќе вработи речиси 30.000 странски работници

Читај повеќе

Обвинителството побара куќен притвор за судијата Ѓоко Ристов осомничен за корупција

Читај повеќе

Од полноќ нови цени на горивата

Читај повеќе

Што сè заплени Царинската управа изминатата недела?

Читај повеќе

Фон дер Лајен: Време е да се изгради нова, независна Европа

Читај повеќе