Заев: Месецов треба да ни пристигнат над 300 илјади вакцини

Премиерот Зоран Заев очекува во текот на овој месец во земјава да стигнат околу 300 илјади вакцини од различни производители и процесот на масовна вакцинација да тече непречено. Вели дека во моментов согласно количината на вакцини што ја имаме капацитетите на вакциналните пунктови не се целосно искористени. Кога тоа ќе се случи, рече Заев, има можност, да се отворат и нови и во главниот град и во внатрешноста.

– Очекуваме во текот на април да пристигнат повеќе од 300 илјади вакцини. Очекуваме да стигнат првите вакцини од 651-та илјада од Европската Унија наменети за Западен Балкан, од кои за нашата земја се 100 илјади. Се надевам дека следните денови или следната седмица ќе стигнат 20-25 илјади од нив, бидејќи неколку пати напоменуваме дека не зависи тоа од нас туку и од испорачателот, рече Заев.

Тој вели дека се очекува да пристигне и првата пратка од вакцините од Pfizer, со кој, вели, државата има договор за 800 илјади вакцини, како и втората пратка преку КОВАКС механизмот која исто така треба да пристигне во тек на овој месец. Според Заев, се очекува да стигнат и 200 илјади кинески вакцини планирани за овој месец, како и значителна количина од Спутник V, за кои има договор за 200 илјади дози.

Како што истакна премиерот, недостигот на вакцини предизикува проблем и во Германија, Америка, Кина, Русија и секаде во светот, и поради тоа не може да се бара одговорност за недостиг на вакцини во земјава.

– Имаме работа, треба да се води грижа за граѓаните, за болните, да излекуваме повеќе пациенти, да се фокусираме системот да фунционира, да имаме вака позитивни реакции што ги гледаме од ситемот на вакцинација, да го јакнеме, да го засилуваме, заради тоа што едно е јасно – дека со вакцината може да ја победиме пандемијата, а истовремено да бидеме ефикасен сервис на граѓаните. Така што, не ми паѓа на памет да дадам оставка, ниту да барам оставка од најекспонираниот министер во моментот, а тоа е министерот за здравство кој со здравствениот персонал работи максимално посветено за доброто здравје на нашиот народ, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Тој вели дека кога ќе има поголеми количини на вакцини во земјата, и кога максимално ќе се искористат капацитетите на постојните вакцинални пунктови, може да се отворат нови.

– Во текот на првиот ден во салата „Борис Трајковски“ беа вакцинирани 2.800 граѓани, потоа околу 3.000, таму капацитетот за вакцинирање може да расте до 5-6 илјади. Во самите здравствени институции во моментов капацитетот е соодветен на количините што ги имаме и тој може да се удвои. Кога ќе бидат искористени до максимум постојните капацитети, секако дека стојат на располагање дополнителни можности, спортски сали, организирање на отворно, ќе се направи се за да нема административни пречки за успешна масовна вакцинација, истакна премиерот.

Тој најави дека Владата размислува за формирање два посебни штаба, едниот во кој ќе учествуваат и министрите за надворешни работи, за европски прашања и за одбрана, како и министерот за здравство за поефикасно транспортирање, прифаќање и дистрибуција низ земјата за вакцините кои се нарачани. Во вториот, пак, како што рече Заев,  ќе бидат вклучени МВР, ЦУК, ДЗС за подобра организација на процесот на вакцинација.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Read more

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more
 

Вести

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе