Заев: Мијалков немаше друг избор, го стори она што беше неизбежна опција

Сашо Мијалков немаше друг избор и го стори она што му беше неизбежна опција, се пријави во Јавното обвинителство за организиран криминал и со тоа е обезбеден неговиот притвор, рече премиерот Зоран Заев вечерва пред Владата.

Тој потенцира дека брзата мобилизација на сите институции ги елиминираа сите можности тој да ја напушти државата и дека за овој успех дадоа придонес и за надлежните министерства, институции, судот, обвинителството и како резултат на тоа се избегнати нови потенцијални ризици.

Порача дека Обвинителсвото и Судот неговото пријавување не треба да се сметаат за олеснителна околност, ниту за овој ниту за друг случај, затоа што не треба да се заборави дека тој не беше достапен до правосудните органи и  полицијата.

Најави доследно испитување на одговорноста и потенцира дека правдата е обезбедена и дека ќе ја има почесто и ќе следува ваков одговор на институциите.

-Јас Зоран Заев ве гледам во очи и ви кажувам дека компромис за правда нема и нема да има, порача премиерот пред медиумите.

Мијалков, кој е обвинет во предметот Таргет – Тврдина, денеска попладне сам се пријави во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција и при тоа му беше врачено решение за определена мерка куќен притвор.

– Пред два дена како резултат на оперативни сознанија кои укажуваа на можност од бегство, на предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основниот кривичен суд – Скопје со Решение на обвинетиот Сашо Мијалков му определи мерка куќен притвор и 24 часовен видео и аудио надзор. До денес обвинетиот беше недостапен за органите на прогонот, наведоа во соопштение од Обвинителството.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Хроника

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Read more

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе