Заев: Мораме да ја сузбиеме корупцијата, секој од нас, со свој придонес

Денеска е Меѓународен ден за борба против корупцијата, ден кој нѐ потсетува дека корупцијата и политичките злоупотреби се најголеми непријатели на граѓаните и на владеењето на правото. Корупцијата ги краде парите на граѓаните, ја руши правната држава, ги слабее институциите и ја загрозува демократијата, создавајќи недоверба меѓу граѓаните. Ова денеска го напиша премиерот Зоран Заев на својот Facebook профил по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата, 9 декември.

Според премерот Заев, правдата, еднаквоста и слободата се првите жртви на политичките злоупотреби и корупцијата.

– Токму затоа со примена на европските стандарди во справување со корупцијата Владата води битка преку зајакната и обврзувачка транспарентност, заштита на слободата на медиумите, институционална поддршка на силна и независна Државна комисија за спречување корупција и нула толеранција при откриени злоупотреби. Градиме систем кој одвраќа од злоупотреби и јасно ја лоцира одговорноста. Ги јакнеме институциите, ги намалуваме дискреционите права и моќта на политичарите и носителите на јавни овластувања, напиша премиерот.

Граѓаните, како што се наведува, се чувствителни особено на злоупотреби од страна на носителите на јавни функции и токму затоа оваа Влада, како претставник на овие интереси на граѓаните, во својот состав има заменик-претседател, меѓу другото задолжен и за борба против корупцијата и криминалот.

– Огромни се напорите на вицепремиерот Николовски и во зголемувањето на транспарентноста на институциите, и во обезбедувањето отчетност на локално ниво, и во посветеноста на правната држава, и во инсистирањето на етично работење на секој еден функционер и секој еден јавен службеник. Никој не смее да е над законот, секој треба да работи со интегритет! Секој ден внесуваме европски стандарди дома, за Северна Македонија да ја направиме земја во која граѓаните сакаат да живеат и која ќе ја препознаваат како земја во која владее правото. На тој пат мораме да ја сузбиеме корупцијата, секој од нас, со свој придонес, напиша премиерот Заев на Facebook.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе