Заев: Можно е Камчев да ме снимал

Премиерот Зоран Заев во интервју за неделникот „Фокус“ не ја исклучува можноста тој да бил сниман од бизнисменот Орце Камчев.

-Не можам да кажам дали ме снимал. Ако снима секаде, можно е и мене да ме снимал. Кога се влегува тука кај мене прво се оставаат телефоните, според процедура, за да може да имаме слободни состаноци, одоговори Заев на новинарското прашање, дали можеби Камчев го снимал додека му ги покажувал снимките.

Во однос на случајот „Рекет“ и средбата со Камчев, Заев наведе дека во текот на изборната кампања, Камчев побарал итна средба со него, се сретнале и бизнисменот му ги презентирал доказите на премиерот.

-Ги гледав снимките и ги слушав, наведе Заев, посочувајќи дека уште следниот дека го пријавил случајот, бидејќи, како што рече, нели треба да бидеме пример како се постапува во вакви случаи, рече Заев.

Во интервјуто, прашан околу тоа, зошто и откако споменало дека се води некаква истрага или предистрага, ја бранел Јанева, дали од снимките не стекнал впечакот дека е инволвирана во некои сомнителни работи Заев нагласи дека од тоа што го чул немало докази дали таа е вмешана.

– Таму немаше докази, од тоа што го слушнав, дека Катица Јанева зела пари и дека е инволвирана во случајот. Јас и кон моите политички противници, секогаш сум ја почитувал пресумпцијата на невиност. Затоа што можете човек да го изнаказите буквално со зборови, посебно ако тоа го вели премиер. Јас морам да бидам внимателен. Пресумпцијата на невиност е многу важна. Јас сум еден од тие што почнуваше протести пред Специјалното јавно обвинителство. И верувам во целиот тој систем, одоговори Заев.

На прашањето дали како опозиција ја почитувале пресумпцијата на невиност и дека кога ги објавувале бомбите безмалку ги осудиле или ги обвинувалее функционерите од ВМРО-ДПМНЕ, а сега и многу приватни разговори од тие преслушувани разговори одат во етер Заев вели дека секогаш ги избирале зборовите на нивните пресови, да кажат индиции што водат кон сомневање.

-Секоја прес-конференција завршуваше со спакувана папка и кривична пријава до Јавно обвинителство. Тогаш во Зврлевски немавме никаква доверба , впрочем за тоа беше СЈО на крајот формирано. Тоа беше филозофијата на објавувањето на т.н. бомби. истовремено сега жалам што истекуваат приватни разговори но кога ние ги објавуваме го правевме тоа со огромна доза внимателност, посочи премиерот.

Во однос на тоа, дали Зоран Верушевски знае од каде протекуваат приватните разговори, премиерот наведе дека, една работа треба сите да ја знаат, дека минатата власт снимаше.

– А точно е дека тие разговори дошле до седиштетото на СДСМ со помош на професорот Верушевски, тоа е јавна тајна. Знам дека при претрес кај Горан Грујевски, тогашниот шеф на Петтата управа, беа запленети УСБ-а, хард-дискови, којзнае, секој можел да ги има тие разговори. Не сум разговал за тоа со професорот Верушевски. Тој е мој советник за национална безбедност, но дефинитивно сум убеден дека сето тоа што ние го поседувавме, стопроцентно е предадено во СЈО, истакна Заев.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе