Заев: Напредок во делот на креативноста за решение за името

Дојран, 5 мај 2018 (МИА) - Премиерот Зоран Заев денеска во Дојран, коментирајќи ја вчерашната средба меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас во Солун, денеска оцени дека е направен напредок во разговорите за решение за проблемот со името.

„Направен е напредок во делот на креативноста на изнаоѓањето на решенијата за она коешто за нас е важно да може да помине, сочувувајќи го достоинството и идентитетот, но и за грчката страна, исто така, можност да помине достоинството и идентитетот. Секако, тоа се само идеи на маса за коишто продолжуваме да размислуваме“, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања денеска во Дојран каде присуствуваше во акција на чистење во пресрет на туристичката сезона.

Како што додаде, на крајот на идната седмица пак ќе има некоја средба и ќе се види како ќе се одвиваат работите.

„Целта е веќе кога сме дојдени на крајот и така критиките ги добиваме од граѓаните, дај да ги добиеме и позитивните поени со можно решение. Јас сум убеден дека поради креативноста, посветеноста на двете страни во преговарачкиот процес можеме конечно да здивнеме со еден проблем помалку којшто секако е еден од крупните во Македонија којшто ќе ги отвори портите на НАТО и ЕУ,  притоа важно е секако да не бидеме обесчестени, да не бидеме понижени, како и грчката страна исто така. Убеден сум кога веќе стасавме до овде двете страни имаат искрена, вистинска намера за решение на проблемот“, додаде Заев.

Шефовите на дипломатиите Димитров и Коѕијас вчера во Солун разгледуваа можни комбинации за потешките прашања во преговорите за спорот со името, а за разгледуваните комбинаторики најавија дека ќе ги информираат премиерите на двете земји. Министрите следната недела, на 12 мај, во Атина ќе имаат средба со медијаторот на Обединетите нации во спорот за името Метју Нимиц.

Димитров нагласи дека главните разлики остануваат во однос на прашањето за промена на Уставот, што го бара грчката страна и прашањето за опсегот на употреба, додека Коѕијас рече оти смета дека има извесен напредок во преговорите.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Македонија

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Read more

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Read more
 

Вести

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе