Заев: Не сум оптимист дека до 22 јуни може да се реши прашањето со Бугарија

Премиерот Зоран Заев не е оптимист дека до 22 јуни може да се дојде до решение со Бугарија, а со тоа и до одблокирање на процесот за почнување на преговори на Северна Македонија со ЕУ, пред сè поради тоа што таму во моментов има техничка Влада. Тој најави дека најверојатно в четврток во Бугарија ќе има уште една средба со претседателот Румен Радев. Нема зијан, рече премиерот, доколку со бугарската страна заклучиме некаков договор кој потоа би бил верификуван од следната политичка Влада во Бугарија.

– Верувам дека во четврток ќе можеме да навлеземе детално во тие разговори. Она кое што морам да го кажам, имам чувство дека на 22 јуни нема да се реши затоа што Бугарија има техничка влада и нема Парламент. Но, не е невозможно да се реши. Зошто го кажувам ова. Да не ги дигнам очекувањата на сите заради тоа што реалноста е дека во Бугарија дека на 11 јули имаат избори. Но, истовремено имам чувство на одговорност пред нашиот народ да кажам дека наша должност е да направиме сè. И нема зијан ако направиме дури и успех и заклучиме од прилика договор којшто би бил верификуван од следна политичка влада и од Парламентот, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање по по повод доделување на првите договори за инфраструктурни проекти на 23 општини од ТАВ-програмата.

Според него, значајно е што нема дилеми за постоењето, автентичноста и потврдата на македонскиот јазик и македонскиот идентитет.

– Тоа не е прашање на разговори. Зборуваме за динамиката во месеци, во полугодија, во години или во континуитет на сите детали од секторската соработка во делот на рамката или патната карта. Зборуваме за интензитетот на свикување и гледањето на историската комисија од двете страни, но секако зборуваме и за креативниот дел на португалското претседателство којшто го даде како предлог за да може конечно пријателска Бугарија да ни даде пас односно позитивен одговор на закажувањето на првата меѓувладина конференција преку усвојувањето на преговарачката рамка, истакна премиерот.

Тој рече дека и вчерашната средба со бугарскиот претседател Румен Радев била многу важна, како продлжение на средбата што тој ја имал со претседателот Стево ПендаровскиОна што е важно, нагласи тој, е преку разговор точно да ги утврдиме водењето на грижа за важните работи и за Северна Македонија и за Бугарија преку предлогот од португалското претседателство.

реклама

Позата 69 е минато, секс позата 77 е новиот предизвик

Read more

Сведоци на Илинденското востание: Каква Бугарија, рече Питу Гули, за Македонија излеговме!

Read more

Доктор Дре „тежи“ 800 милиони долари, а ќерка му е бездомничка

Read more

Зошто мажите треба да ејакулираат барем 21 пат месечно?

Read more

Македонија

Гори на повеќе локации, пожарот во Пехчево се шири кон селата Робово, Умлена и Чифлик

Read more

Словенечките пожарникари се во Берово, ќе учествуваат во гасењето на пожарите во регионот

Read more

Ангелов: Хеликоптерите се вратени во Скопје да наполнат гориво

Read more

Владата прогласи кризна состојба во следните 30 дена, што значи тоа?

Read more
 

Вести

Минатиот месец беше најтопол јули досега

Читај повеќе

Гори на повеќе локации, пожарот во Пехчево се шири кон селата Робово, Умлена и Чифлик

Читај повеќе

Локдаун жртви: Никогаш немало толку многу смртни случаи од предозирање

Читај повеќе

Словенечките пожарникари се во Берово, ќе учествуваат во гасењето на пожарите во регионот

Читај повеќе

Ангелов: Хеликоптерите се вратени во Скопје да наполнат гориво

Читај повеќе

Владата прогласи кризна состојба во следните 30 дена, што значи тоа?

Читај повеќе

Жител на Росоман физички нападнат од сопругата

Читај повеќе

Вакцина вчера примиле 10.984 граѓани, досега 519.106 вакцинирани

Читај повеќе

Притвор за татко осомничен за малтретирање на дете и за семејно насилство

Читај повеќе