ПРЕМИЕРОТ НАЈАВИ РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВЛАДАТА

Заев: Нема предвремени избори, датумот за преговори со ЕУ е извесен

Скопје, 17 јуни 2019 (МИА) – Реконструкција на Владата, со смена на осум министри, како и директори на дваесетина државни и јавни претпријатија, наместо предвремени парламентарни избори, најави премиерот Зоран Заев, по вчерашната седница во Охрид на Централниот одбор на СДСМ.

Имињата на новите министри ќе бида познати до крајот на неделава, реконструкцијата формално би завршила до крајот на месецов, а предвремени избори нема да има затоа што датумот за почеток на преговори со ЕУ е извесен.

Иако датумот се очекуваше овој месец, сепак поради одложувањето на расправата во германскиот Бундестаг за извештајот на ЕК, за септември, сега тој се очекува најдоцна до октомври.

Но сепак ќе го има, порача Заев вчера и додаде дека е потребно Владата да го истера мандатот докрај за да се фокусира на интегративните процеси на земјава – членството во НАТО, за што Протоколот веќе е ратификуван од 17 земји-членки и се очекува да се официјализира до крајот на годината или најдоцна почетокот на следната и датумот за преговори со Унијата.

Заев вчера од Охрид појасни дека првичниот концепт за реконструкција на Владата, кој не исклучуваше можност за предвремени избори или враќање на мандатот, бил насочен кон државите–членки на ЕУ дека се должни да испорачаат датум за преговори.

–  Потребата од предвремени избори беше возможна ако треба на ЕУ да и докажеме дека треба да испорача до Република Северна Македонија, не кон некоја политичка партија. Ставот наш е дека треба да се тера цел мандат, кога доаѓа до реализација на стратешки определби како што е датум за преговори или членство во НАТО. Тогаш ги ставаме сите алатки на располагање…за да може земјата да продолжи покрај европскиот и по економскиот пат, рече тој.

Истакна дека нема да се дозволи повторно враќање на радикализмот, популизмот, национализмот во државата, повторни поделби во општеството, кавги со соседите.

–  Целта ја исполнивме и се враќаме кон реконструкцијата. Прво ќе има реконструкција на не повеќе од осум министерски позиции, изјави Заев, додавајќи дека меѓу нив има и од редовите на ДУИ.

Тој рече дека ќе се заблагодари на директори повеќе од дваесет државни јавни институции, процес што ќе се одвива паралелно со реконструкцијата на Владата.

Дека Владата треба да остане и до крај да го сработи мандатот вчера изјави и германскиот амбасадор Томас Герберих, кој заедно со неговиот француски колега присуствуваа на манифестацијата „Запознај ја Преспа“ во чест на годишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор.

Герберих во однос на тоа дали ќе има политичка криза доколку земјата не добие датум за преговори изрази мислење дека премиерот Зоран Заев нема да даде оставка, оценувајќи дека во изминатите две години сработил добра работа.

– За стабилност на земјата потребно е да остане оваа Влада и да не се планираат нови избори, оцени Герберих.

Промени вчера имаше и во Извршниот одбор на СДСМ. На седницата на Централниот одбор беше избран новиот Извршен одбор на партијата, во чиј состав влегоа Фросина Ременски, Благојче Бочварски, Рената Десковска, Костадин Констадинов, Есрас Алихи, Ѓоко Танасоски, Весна Ѓершан, Васко Талевски, Тања Стојановска-Иванова, Драган Тевдовски, Љатифа Шиковска, Стефан Богоев, Кети Василевска, Нина Велкова, Петре Шилегов и Маринела Ојлеска.

За организациски секретар е избран Душко Весковски, кој ќе ја напушти функцијата директор на „Водовод“  – Скопје, додека секретар за меѓународна соработка ќе биде Дане Талевски. Директор на Центарот за истражување и анализа на СДСМ е избран Мартин Попов.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе