Заев: Ние, вработените во јавните служби, да покажеме што значи да се биде посветен кон потребите на граѓаните

Скопје, 24 јуни 2019 (МИА) – Претседателот на Владата, Зоран Заев упати писмо со честитки до сите службеници, вработени во јавниот сектор, по повод 23 јуни, Светски ден на јавните службеници, утврден како меѓународен ден од страна на Обединетите нации, соопшти владината прес-служба.

– Вчерашниот ден, 23 јуни, Светскиот ден на јавните службеници повикува на мисијата на јавните службеници, на тоа дека вработените во јавните служби работат за граѓаните и им служат на сите без исклучок. На тоа нѐ повикуваат вредностите на јавната служба и ова е вистинскиот момент да се повикаме на нив: Време е за служба со интегритет! Интегритетот е во основата на вредностите на јавната администрација и клучен принцип за заштита од корупција и од лични интереси. Кога јавниот сервис им служи со интегритет на граѓаните, ги штити и суверенитетот, независноста, безбедноста и просперитетот на земјата и ја поддржува правдата и еднаквоста, стои во писмото со честитки.

Прашање на интегритет, како што се посочува, е стремежот да се напредува во професијата за да се постигне совршена јавна служба како сервис на граѓаните.

– Време е да ја ставиме одговорноста на врвот на нашите приоритети! Да се ​​биде фер и непристрасен и да се услужат луѓето праведно и подеднакво без дискриминација или фаворизирање при извршувањето на обврските и одговорностите е нашата мисла водилка. Сите ние, вработените во јавните служби, треба да покажеме пример – што значи да се биде посветен кон потребите на граѓаните и кон стратешките приоритети на сопствената земја. Да се ​​биде посветен на општеството значи да се има желба да се служи на јавниот, општествен интерес и да се стават националните интереси пред личните. Да се биде храбар е морална обврска!, стои во писмото со честитки на премиерот Заев до сите службеници, вработени во јавниот сектор.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе