Заев очекува Унгарија да го екстрадира Груевски

Премиерот Зоран Заев во врска со пребегувањето на поранешниот премиер Никола Груевски, изјави дека Министерството за внатрешни работи  постапувало согласно наредбата од судот и во рамки на законските овластувања, а за постапката за екстрадиција на Груевски дека е веќе започната откако е добиена потврда од унгарското МВР дека тој се наоѓа во Унгарија.

– Без наредба, МВР не може ниту мене, ниту на кој било граѓанин да му пристапи. Неколку дена претходно Груевски беше на иста Уставната комисија каде бев и јас во Парламентот. Ова го кажувам не затоа што не требало да бидеме поподготвени и повнимателни, туку затоа што тоа испраќа и сериозна порака дека не треба да правиме ништо повеќе од тоа што го пропишува законот. Од тој аспект строго е постапено согласно законот на еден внимателен и демократски начин, рече Заев на новинарско прашање на заедничката прес-конференција во Владата со премиерот на Малта, Џозеф Мускат, во врска со одговорноста на МВР за пребегувањето на Груевски

За проверката на возилата што излегувале од штабот на ВМРО-ДПМНЕ од страна на полицијата, рече дека е согласно наредба од полицијата за националната потерница за Груевски и негово спроведување за издржување на двегодишната затворска казна.

– Немаше налог за влез во политичка партија, ниту некој имаше намера за тоа. Исклучиво се постапувало согласно наредбите. Ние сме земја која има намера да биде членка на ЕУ и без разлика какви се чувствата тоа не ни дава за право да ги кршиме законите посебно не од страна на институциите затоа што исклучиво постапување по закон е нешто што се очекува од сите институции и од сите граѓани во Македонија, рече Заев.

Тој додаде дека очекува Унгарија да постапи по веќе распишана меѓународна потерница со која бара екстрадиција на Груевски.

– Очекуваме од Унгарија да биде пример дека нема да штити криминалци кои направиле штета врз граѓаните на Република Македонија. Каква би била мотивацијата на нас земјите кандидати ако една земја членка на ЕУ биде засолниште на криминалци и не ја почитува меѓународната пракса, меѓународното право, рече Заев.

Премиерот, воедно како што рече, остро и категорично ги демантираше шпекулациите за каков било политички договор со Никола Груевски во врска со случајов.

Запрашан кој ќе ја сноси одговорноста за бегството на Груевски и дали ова е дел од помирувањето, тој посочи дека секој процес го водат максимално транспарентно и нема ништо тајно или задкулисно.

– Пропусти нема направено ниту една институција. Единствено ако граничните служби го пропуштиле на официјалните гранични премини и граничната полиција направила одредени пропусти веднаш дадовме налог да се истражи целата постапка, рече Заев.

Според него, Владата не може да биде виновна за се. Таа постапува согласно закон и своите постапки јавно и транспарентно ги образложува. Изрази уверување дека процесите коишто се водат ќе доведат до она што е очекување на граѓаните , а тоа е да се изврши затворската казна на секое осудено лице вклучително и на Груевски.

Посочи дека секој треба да си ја сноси својата одговорност, а во вакви околности правосудството е тоа кое што ги носи одлуките.

– Апсолутно тоа одлучува кога испорачува упатен акт, кога поднесува обвинителен акт, кога дава притвор и слично. Ние на времето реагиравме кога ваквата постапка беше одбиена и јавно тоа го кажувавме како и аргументите. Правосудството не е во делот на надлежноста на Заев како премиер. Тоа е независно и ги носи своите одлуки растеретено од какво било влијание. Јас само ќе кажам уште еднаш каков кукавица е,којшто цело време велеше дека тој за Македонија е спремен да оди во затвор без разлика што ќе се случи. Тој само да излезат сите други е спремен да ја прифати одговорноста и слично. Дојде моментот на прифаќање на одговорноста, избега надвор од државата обидувајќи се претходно да добие нови аболиции. Тоа само по себе потврдува дека е виновен за тоа што е осуден. Тоа веројатно ќе се потврди на суд оти тоа е работа на судот. Секоја негова вина за која што се сомничи затоа што сите знаеме дека имавме режим којшто тој со неколку луѓе околу него комплетно го контролираше. Македонија единствено има иднина ако има казни. Казните мора да бидат испорачани и да бидат одлежани. Ќе направиме се во рамки на тоа што е наша надлежност да го испорачаме назад Груевски, рече Заев.

За бегството на Груевски рече дека министерот за внатрешни работи на Унгарија во телефонски разговор со министерот Спасовски потврдил дека тој е во Унгарија каде побарал азил, а воедно побарал и документи во врска со пресудата.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Без струја дел од Карпош

Read more

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more
 

Вести

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе