Заев: Очекувам истрагата да ги покаже сите докази за кој било во „Рекет“

Скопје, 13 август 2019 (МИА) – Премиерот Зоран Заев изјави дека нема да дозволи индивидуалци ја срушат власта, верува во темелна и брза истрага за случајот  „Рекет“, којашто ќе ги покаже доказите за, како што вели, секој случај, вклучително и за Катица Јанева, Зоран Заев и за кој било. Смета дека сега не е момент за предвремени избори  со оглед на очекувањата  за добивање датум за преговори за членство со Европската Унија,  повторувајќи дека октомври следната година е најидеален термин за избори.

– Верувам во транспарентни, многу прецизни и брзи истраги, посебно за ваквите случаи. Јавно отфрлив секаков вид шпекулации и споменувања со моето  име и стојам целосно зад тоа. Оваа политичка гарнитура  преку извршната власт создаде услови правосудството, Јавното обвинителство, да работи непречено без разлика  дали некој бил газда на медиум што ја поддржувал власта, денеска тој е во притвор, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања на приемот по повод 18 годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор.

Тој дополни дека презумпцијата на невиност треба да се почитува без разлика дали е некој инкриминиран и има индиции за некој што е на висока позиција како што е и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

– Без оглед дали е таа или кој било законот мора да важи еднакво за сите.  Затоа повторуваме постојано дека очекуваме темелна истрага, презумпцијата на невиност ни дава обврска  на сите да не го квалифицираме никој дека е виновен без докази, но секаде каде ќе се утврдат докази, секој кој  е инволвиран со земање пари што се појавува во тој скандал, секој кој го прекршил законот треба да си одговара, рече Заев.

Според него, актуелната политичка гарнитура многу одамна испратила порака дека кај неа нема политички калкулации, напоменувајќи дека  и кај кај како како и сите држави коишто создавале услови  органите на прогонот да си ја вршат работата процесите не биле лесни, туку трауматични. – Секаде било трауматично. И кај нас не е лесно и е трауматично, но така ќе бидеме правна држава која што ја посакуваме сите, рече Заев.

Во однос на шпекулациите, како што рече,  коишто одат дотаму, обидувајќи се да го инволвираат во случајот,  порача дека дошол на власт благодарение на гласот на граѓаните, борејќи се за слобода, демократија, правна држава, владеење на правото и нормална земја и оти ќе продолжи да се бори за тие вредности.

– Јас сум човек борец и ќе продолжам да се борам за овие вредности до крај додека граѓаните ми даваат позиција. Секако дека нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и да ме извини ЛГБТ заедницата еден педер да ја симнат оваа Влада од власт. Не. Ќе се бориме до крај затоа што секој кој се инволвирал секако ќе си носи одговорност, рече Заев.

Прашан дали смета дека Јанева го изневерила рече дека „за него е идиотски настапот засега согласно со досегашните докази“. 

– Очекувам истрагата да ги покаже доказите за секој случај, вклучително за  Катица Јанева, Зоран Заев, за кој било случај. Апсолутно само така ќе покажеме дека има владеење на правото, изјави Заев, посочувајќи дека и народот чека разрешница која што смета дека ќе ја донесе истрагата, а се друго, како што нагласи, е политиканство  и политики.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Read more

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more
 

Вести

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе