Заев: Од снимката се бетонира вината – сакале да скријат убиство и да влијаат на процесот

Скопје, 15 јули 2019 (МИА) – Од објавениот аудио разговор се потврдува вината на тогашната власт дека сакале до сокријат убиство и да влијаат врз процесот, оцени денеска премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарско прашање дали е подготвен да разговара за неговата одговорност по објавениот разговор од Ел Чека поврзан со убиството на Мартин Нешковски.

„Се гордеам што имав чест да споделам зло што е правено во државата врз основа на кое се разбуди народ кој молчеше, врз основа на кое денес имаме нормална земја еве членка на НАТО и е пред отворање на поглавјата со ЕУ. Потврдувам дека се што е таму е правено од боговското поставување на некој што бил на власт за да си дозволи ваков дел на менаџментот“, рече Заев на прес-конференција во Владата.

Нагласувајќи дека е транспарентен човек и зборува за се во државата, што е вистинска реткост, Заев истакна дека самото објавување на разговорите впрочем „го бетонира тоа што е вината на власта,  а тоа е – сакале да скријат убиство“.

„Второ дефинитивно сакале да влијаат врз процесот, викаат 30 – сетка со кромид да му дадете. Ви се молам Јавното обвинителство кога постапува постапува комплет со сите материјали. Сите материјали се дадени“, кажа Заев.

Напомена дека разговорите се индиција, а дополнително материјалните докази се основата на која се носат пресуди за ослободување или за осудување од страна на судиите.

„Процесите одат транспарентно, барем процесите на СЈО сите ги знаат во државата во детали, со доказите и аргументациите. На некои им се допаѓа, на некои не. Еден дел на тие што им се допаѓа или не им се допаѓа се привразаници на власта, еден дел се приврзаници на опозицијата, но на крајот правдата ја носи судијата“, рече Заев.

Додаде дека на крајот таа се потврдува за конечна низ второстепените постапки како што е апелацијата и процесите течат транспарентно.

„Апсолутно тврдам дека се што било индиции е споделено од мене многу чесно и транспарентно. И ова дали е целосно, таму кога објавуваме разговори викавме дека е само дел од разговорите. На една тематика имаше по 50 по 100 телфонски разговори, со различни чинители, не можете да објавувате разговори по пет часа. На крајот, како што знам нема отворено истрага против Никола Груевски и Гордана Јанкулоска за Мартин Нешковски“, појасни премиерот Заев.

Посочи дека работите треба да докажат во предистражна постапка.

„Таму има не само дополнување на овој разговор, таму има уште многу разговори кои дефинитивно потврдуваат дека се обиделе да кријат убиство и да го монтираат во делот на неговото одговорност, па дури тие определуваат притвори. Вината е во тоа, ништо не е спротивно од тоа што сме објавувале“, рече Заев.

На прес-конференцијата Заев напомена дека во тој момент, како шеф на опозицијата, како човек кој прв ги слушал телефонските разговори, му дошло да ја сруши владината ограда.

„Не дали имало причина, имало причина до небото. Се однесувале и станале богови во тоа време, па ќе си играат дури и со човечки животи“, потенцира Заев.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more
 

Вести

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе