Заев, Османи и Филипче ги посетија повредените во ГОБ „8 Септември“

Скопје, 14 февруари 2019 (МИА) – Дваесет и девет повредени во вчерашната сообраќајна несреќа кога автобус се преврте на автопатот Скопје-Тетово, се лекуваат во Градската општа болница „8 Септември“, шест повредени се во Клиничкиот центар, а двајца пациенти се во Тетовската болница. Во несреќата има 14 жртви, а седуммина од кои четворица во ГОБ „8 Септември“ и тројца во Клиничкиот центар се во критична и тешка состојба, но се во стабилна здравствена состојба.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој заедно со премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи ги посетија повредените во ГОБ „8 Септември“.

– Возачот на автобусот има телесни повреди и е пуштен на домашно лекување, изјави директорот на ГОБ „8 Септември“, Христијан Костов.

Заев истакна дека од вчера и денеска сите државни служби се ставени во функција постојано во грижа на повредените.

– Драго ми е што ги видовме сите повредени кои се надвор од животна опасност, дури и оние кои се на интензивна нега се во стабилна состојба. Се работи најмногу за млади луѓе меѓу кои е и една од портпаролите на ЕВН, која е во добра состојба. Вчера истрагата почна, информациите ги знам од министерот за внатрешни работи, под раководство на надлежен јавен обвинител заедно со полициските служби беше направен увидот на лице место. Возачот беше во свесна состојба, уште вчера се направени разговори со него, кои ќе продолжат. Претпоставувам дека возачот е лицето кое може да даде сериозни информации, но и самите повредени, рече Заев и посочи дека дошле да им изразат поддршка на повредените од тешката сообраќајна несреќа.

Тој се заблагодари на ГОБ, клиничките центри, сите други јавни институции во Скопје, Тетово, Гостивар, на полицајците, на пожарникарите, на сите други јавни служби кои им се нашле на луѓето во напорите за спасување човечки животи и итно помагање.

– Се заблагодарувам од името на Владата за солидарноста и хуманоста на нашите сограѓани од селото кои претрчаа во првиот момент и буквално покажаа човечност, големина. Нивната помош веројатно за голем дел од луѓето било и од пресудно значење. Тоа е сериозна хумана порака до сите граѓани. Искрено сме благодарни до овие наши сограѓани пред се до младите момчиња кои беа таму веднаш по несреќата и помагаа. Сакам да ја споделам оваа голема тага што ја има целата јавност во Македонија. Нашиот фокус е кон повредените, но и кон поддршка на семејствата на загинатите. Владата е подготвена за се што треба за повредените и за семејствата на загинатите. Навистина огромна трагедија која ја обви во тага целата наша земја, додаде Заев.

Министерот за здравство Венко Филипче изрази сочувство до семејствата на загинатите и благодарност до локалното население кои први им пружија помош на преживеаните. Посочи дека во несреќата има 14 жртви.

– Во ГОБ „8 Септември“ се примени 37 лица, осум на скопските клиники, двајца во Тетовската болница и една пациентка, чија реанимација не успеала во Старата градска болница. Во ГОБ „8 Септември“ има четворица пациенти кои се во Одделот за интензивна нега и се во критична состојба и уште тројца се во Клиничкиот центар во Одделот за интензивна нега, каде во текот на ноќта се изврши хирушка интервенција. Ноќеска се оперирани тројца пациенти во Клиничкиот центар и една пациентка во ГОБ „8 Септември“, истакна Филипче.

Посочи дека исклучително брзо реагирала Итната медицинска помош на ефикасен, професионален начин биле на лице место и дале прва помош. Тој се заблагодари за помошта од страна на приватните здравствени установи Систина и Неуромедика кои им излегле во пресрет со нивните амбулантски возила и ги транспортирале пациентите, најголем број во ГОБ „8 Септември“.

– Осумдесет отсто од персоналот беше на работа во многу краток временски интервал од 15 минути се организираше системот на работа. Се примија огромен број пациенти за многу кратко време, се направи тријажа и се сместија во соодветните оддели за лекување тука и во Клиничкиот центар во Скопје. Се надевам дека овие седум пациенти ќе ја надминат оваа криза и дека понатаму ќе го продолжат лекувањето надвор од интензивната нега на соодветните оддели, додаде Филипче.

Директорот на ГОБ, Костов рече дека вчера дошле службите од МВР, бидејќи имало шест смртни случаи и додаде дека имале потешкотии во идентификацијата на починатите. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе