Заев: Отстранети се три, од вкупно седум точки во преговорите за името

Премиерот Зоран Заев денеска оцени дека во преговорите околу спорот за името со Грција има позитивно придвижување за три од вкупно седум точки за кои се разговара. Тој при посета на Тиквешијата потврди дека име со географска одредница е прифатливо за македонската страна.

„Од седум позиции кои беа појдовните точки на разговорите, знам дека веќе е намалено на четири позиции, три се отстранети. Јас верувам дека со политиката на новата Влада многу брзо ќе можат да се отклонат и другите позиции“, рече Заев во Неготино.

Според него, остануваат разговори за суштинските прашања меѓу кои ги набројува „името, уставот и јазикот“.

Според Заев, веројатно тие беа најлесните точки, но дека тоа е сигнал и за двете страни дека може да се изнајде решение.

„Секако, суштинските позиции се многу значајни, името, уставот дали ќе се менува или не, јазикот и други работи кои таму се спомнуваа. Тоа е суштината на самиот преговарачки процес и можноста за изнаоѓање на решение“, рече премиерот.

Тој вели дека на средбата во Виена всушност почнал преговарачкиот процес, а сè досега било презентирање на позициите на двете страни.

„Не очекувавме ние премногу, пред сè има образложување на суштините на позициите на двете страни, со обид за меѓусебно разбирање. Медијаторот Нимиц го води процесот, тој ги знае работите што може и што не може да поминат. Мене ми е драго што се разглобени сите отворени прашања. Ако тргнеме од некои седум позиции коишто беа појдовни точки на разговорите, знам дека тоа е веќе намалено на четири, значи три се отклонети“, рече премиерот Заев.

Тој останува на ставот дека нема потреба од интервенции во Уставот и дека добро се знае до каде може да се направат отстапки, а доколку се најде решение граѓаните ќе го имаат последниот збор, преку референдум.

„Тоа значи за нас е прифатливо име со географска одредница, односно ги отклонуваме сите други кои беа временска одредница, или некои други укажувања кои беа како предлози“, рече Заев.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Македонија

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Read more

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Read more

Османи ги откажа денешните партиски активности поради здравствени причини во семејството

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Читај повеќе

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Читај повеќе
  • filter

Промовирана Мојот сон во родната Крива Паланка, на Саем на книга ќе ја продава Топер

Читај повеќе

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Читај повеќе

Малолетник од Тетово украл возило, бегајќи оштетил друго возило

Читај повеќе

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Читај повеќе

Османи ги откажа денешните партиски активности поради здравствени причини во семејството

Читај повеќе
  • play_arrow

Украинците објавија снимка: Вака изгледа град под руски напад

Читај повеќе

ДУИ: Не постои вага што може да го измери развојот на државата со политиките на Ахмети

Читај повеќе