Заев по средбата со Јункер: Прифатливо е име со географска одредница

Премиерот на Република Македонија денеска имаше средба со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, во главниот град Скопје.

„За Владата е прифатливо име со географска одредница, кое ќе направи јасна дистинкција помеѓу нашата  држава и регионот во Грција“, рече премиерот Зоран Заев, по средбата со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер во Скопје. Тој на заедничката прес-конференција со Јункер додаде дека Владата инсистира на решение „кое ќе овозможи трајно и одржливо затворање на спорот, но со почитување на достоинството и идентитетот на двата народи и двете држави“.

„Наша должност е да преземеме одговорност за оваа историска можност, да го решиме ова долгоотворено и мачно прашање помеѓу двете земји“, рече Заев.

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, кој престојува во неколкучасовна посета на земјава во рамките на балканската турнеја, порача дека треба да се помири историјата и географијата, што го  направиле со многу земји, па ќе го направат и сега. Јункер кажа дека разговарал и со грчкиот премиер Алексис Ципрас и го поддржал спорот да го решава на постојниот начин.

„Од наша страна ја афирмираме желбата за посветеност, со лидерство и одлучност да ја изодиме оваа делница. Пристапувањето кон ЕУ, влијае врз животот на граѓаните. ЕУ потврдува дека иднината на Македонија е таму, со тоа што се оддава признание за нашиот напредок. Имаме уште неколку важни активности кои треба да ги завршиме, со цел 2018 да биде историска година. Извештајот очекуваме да биде позитивен, заедно со пораката”, рече Заев.

Според премиерот, позитивниот извештај на ЕК и условената препорака ќе даде даде нов импулс. На Самитот во Софија очекуваме иновативна агенда која ќе го трасира предпристапниот пат во ЕУ. Силно сме уверени дека во јуни ќе биде донесена одлука за почеток на предпристапните преговори, од Самитот во Лондон очекуваме продолжување на Берлинскиот процес. Во разговорот со Јункер му укажав дека Република Македонија фокусот го става на нови мостови на соработка и отворен дијалог со соседите, рече Заев.

„Затворањето на долгогодишните отворени прашања не е лесно, бидејќи е важно и за нашите граѓани. Со Ципрас работиме посветено на затворање на долгогодишниот и мачен проблем за решавање на спорот за името”, рече премиерот Заев.

Според него, со влезот на Македонија во ЕУ ќе има бенефит и Унијата, а земји членки нема да изгубат ништо.  „Ние веруваме во вредностите на ЕУ, некогаш и повеќе од некои од земјите членки. Тие вредности се наша светост и многу повеќе. На Европа можеме да и дадеме многу. Земјите членки треба да знаат дека од Македонија ќе добијат многу, а нема да изгубат ништо”, порача Заев.

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер денеска пристигна во земјава, заедно со  еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан. Република Македонија е првата земја од балканска турнеја на Јункер и Хан. До 1 март ќе ги посетат сите шест земји од Западен Балкан. По средбата со Заев, претседателот на ЕК, Јункер и евркомесарот Хан ќе имаат средба и со македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Македонија

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Read more

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more
 

Вести

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе