Заев: Подготовен сум да ја сносам политичката цена

Скопје, 8 ноември 2018 (МИА) – Историскиот контекст е целосно сочуван, а правото на самоопределување е признаено од Грција. Подготвен сум да ја сносам политичката цена, но тоа е вредно за Македонија. Длабоко сум убеден дека осигуруваме иднина за генерациите кои доаѓаат, им порача премиерот Зоран Заев на пратениците на денешната дебата по нацрт-амандманите на Уставот на Република Македонија.

Во репликите на пратениците по вториот нацрт-амандман за кој се расправа на собраниската Комисија за уставни прашања, премиерот Заев истакна дека нема да има друг и подобар договор и оти двете страни добиваат од договорот.

– Веројатно историскиот момент и можноста од грчка страна да има соговорник ги поклопија коцките да се донесе одлуката. И тука според мене е моментот кога го прекршувате личниот и партискиот интерес во однос на државните интереси, истакна Заев.

Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ предложи во Преамбулата на Уставот да бидат внесени уште три документи и тоа Уставот на Република Македонија од 1991 година, како и востаничкиот устав од Кресенското востание и првиот устав на ТМОРО.

Алијансата за Албанците и движењето „Беса“ и денеска повторија дека отворањето на уставните измени е добар момент да се разговара за сите отворени прашања и предложија Македонија во Преамлбулата да се дефинира како мултиетничка држава.

–  За жал, првата реченица од Преамбулата дава лош сигнал. Јас не сум граѓанин кој живее во Република Македонија. Јас сум Албанец кој живее и ќе живее во иднина и верувам дека вака е за сите други народи. Наш предлог е во Уставот да се избрише делот каде пишува „граѓаните кои живеат во нејзините граници“ и по македонскиот народ да се додаде формулацијата „албански народ, влашки народ, српски народ, бошњачки народ“…… Со ова Македонија ќе биде поправедна и ќе ги застапува подеднаво сите граѓани, рече Зијадин Села од Алијанса за Албанците.

На ова реплицираше премиерот Заев кој истакна дека може да се разговара за квалитетот на постигнување на еднаквоста, но оти комплетната еднаквост во делот на формулацијата не е до крај оправдана затоа што постојат национални држави како Албанија, Босна и Херцеговина, Србија….

– Да се избрише делот од реченицата „како и граѓаните кои живеат во нејзините граници“, оди во друга крајност. Мораме да признаеме дека постојат национални држави како Албанија, Србија, Турција, Босна и Херцеговина, а ова е Република Македонија која со уставните измени ќе биде Република Северна Македонија, појасни Заев.

Во вториот нацрт-амандман се предлага одлуките од АСНОМ да се заменат со прогласот од АСНОМ и да се внесе Охридскиот рамковен договор.

Комисијата за уставни прашања веќе го прифати првиот од четирите нацрт-амандмани со кој се предвидува замена на зборот Република Македонија со Република Северна Македонија секаде во Уставот, освен во членот 36 каде има историски аспект.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Како би изгледала Европа ако светското море се подигне за 100 метри?

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Македонија

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Read more

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Read more

Османи ги откажа денешните партиски активности поради здравствени причини во семејството

Read more
 

Вести

Зеленски: Едвај се држиме, без помош ќе изгубиме

Читај повеќе
  • play_arrow

Со што Иран го гаѓаше Израел: Снимка од монструозна ракета извлечена од Мртвото Море

Читај повеќе

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Читај повеќе
  • filter

Промовирана Мојот сон во родната Крива Паланка, на Саем на книга ќе ја продава Топер

Читај повеќе

Меџити на средба со уметниците кај скопскиот Аквадукт

Читај повеќе

Малолетник од Тетово украл возило, бегајќи оштетил друго возило

Читај повеќе

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Читај повеќе

Османи ги откажа денешните партиски активности поради здравствени причини во семејството

Читај повеќе
  • play_arrow

Украинците објавија снимка: Вака изгледа град под руски напад

Читај повеќе