Заев: Подготвени сме за владина коалиција со сите партии, освен со ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 18 јануари 2020 (МИА) – Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека е подготвен да разговара со сите политички партии, нагласувајќи дека сепак не може да каже на што е подготвен Социјалдемократскиот сојуз во однос на коалицирањето со други партии, бидејќи такви одлуки носат органите и телата на партијата.

– Подготвен сум да разговарам со секого за идни соработки. Сум соработувал со сите политички партии како политичар. Сум соработувал за уставните промени, за законски решенија, за Преспанскиот договор и можам да разговарам со сите. Алијанса за Албанците беше и во Владата, со БЕСА, па дури и со помалите албански партии сме имале соработка, рече Заев во изјава за медиумите по денешниот Хуманитарен базар на СДСМ.

Тој вели дека полека почнале да разговараат со речиси сите партии, а со владејачките партии со кои коалицираат имаат комуникација на дневна основа и разговараат за идни соработки.

– Остануваме отворени за соработка заради тоа што веројатно ние сме единствениот политички субјект, заради нашиот влог што сме го направиле во минатото, што може да соработува со сите, зборувам баш со сите, со владејачките, опозициските партии, секако освен со ВМРО-ДПМНЕ во делот на коалиции за Влада. Едниот останува опозиција, едниот е власт, но со сите други политички партии, може да соработуваме. Ќе носиме одлука според тоа што е најважно за државата, а после тоа како најдобро СДСМ ќе се позиционира во пресрет на победата која што ја очекуваме, нагласи Заев.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе