Заев: Покажавме дека Северна Македонија има капацитет да пречека светски лидер

Скопје, 7 мај 2019 (МИА) – Посетата на првиот човек на Католичката Црква и на Ватиканската држава Папата Франциско, како прва, историска посета на еден папа на нашата земја, е огромно признание за местото што Република Северна Македонија го зазеде во глобалната заедница на прогресивните земји, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција за домашните и странски медиуми по повод Апостолската посета на Папата Франциско на нашата земја.

Ватикан, Европа, и целиот свет, потенцира Заев, ги препознаа вредностите, убавината на различните култури, етнички заедници и религии што живеат во општество еднакво за сите.

Светата литургијата со која Папата Франциско ги благослови католичките верници и сите граѓани со добра волја, според премиерот Заев, е израз на почит за заедништвото меѓу народите на нашата земја кое го негуваме.

– Тоа е силен поттик и поддршка за сите нас. Тоа е порака што до светот денеска беше пренесена од стотиците новинарски и телевизиски екипи што на овој историски ден беа во Северна Македонија, рече претседателот на Владата.

За Заев, не помалку важно е што денеска, Република Северна Македонија и нејзините граѓани, освен гордоста за искажаната чест што папата Франциско ја посети нашата земја, покажаа и дека имаат капацитети да ги направат сите подготовки за да дочека еден од најзначајните светски лидери, духовник и инспирација на милиони верници и граѓани со добра волја.

Нашиот народ, подвлече, ја има волјата и ја следи мисијата на Мајка Тереза и тоа го потврдивме и на овој настан.

– Посетата на папата Франциско не е резултат на митологии. Неговата посета е израз на созреано време да се оддаде признание за историските врски од раните векови на христијанството кога папата Адријан Втори ги благословил и осветил богослужбените книги на светите браќа Кирил и Методиј со кои подоцна е извршена христијанизацијата на словенските народи во Европа, изјави Заев.

Тој додаде дека Република Северна Македонија низ сите векови на создавање на нејзината државност ги пренесе библиските пораки на надеж, утеха и толеранција и во својата современост.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Македонија

Без вода дел од Карпош

Read more

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд

Read more

Од ДУИ ме нарекуваат анти Албанец и ксенофоб затоа што гласно говорам за нивниот криминал, рече Мицкоски

Read more

Деветвалентната ХПВ-вакцина достапна кај нас од следниот месец

Read more
 

Вести

Без вода дел од Карпош

Читај повеќе

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: Група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Читај повеќе

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд

Читај повеќе

Г7 подготвува мерки против Иран

Читај повеќе

Од ДУИ ме нарекуваат анти Албанец и ксенофоб затоа што гласно говорам за нивниот криминал, рече Мицкоски

Читај повеќе

Сообраќајка со полициско возило во Скопје, шестмина повредени

Читај повеќе

Деветвалентната ХПВ-вакцина достапна кај нас од следниот месец

Читај повеќе

Тепачка во штипскиот затвор, надвор стигнала и поддршка од 30 лица

Читај повеќе

Двајца повредени во пожар во куќа во Скопје

Читај повеќе