Заев: Прашањето за Гоце Делчев треба да го решава Мешовитата комисија

Историјата е многу важна и за двете страни, но тоа мора да биде појдовна основа за градење на иднината. Самиот договор и обврската преземена и од Северна Македонија и од Бугарија е двете страни да ги изнаоѓаат историските периоди и личности низ призмата на добрососедството. Како што беше постигнат договор за добрососедство и за пет историски лика, верувам дека ќе постигнеме договор и за Гоце Делчев. Само да не се обидува ниту една страна да си присвои нешто, изјави вечерва премиерот Зоран Заев.

Нагласи дека е важно е да се разграничи дека ова е прашање на мешовитата Комисија, а не на политиката.

– Сакаме Комисијата како што ги реши и Свети Кирил и Методиј, и Свети Наум, и Климент Охридски и Цар Самоил во духот на таа заедничка историја, за заедничко славање, верувам дека ќе го најдат решението и за Гоце Делчев. Наше е да ги охрабриме, изјави Заев вечерва во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Борисов, рече Заев, е мој личен пријател и со сите договори во изминатите години само го јакнеме тоа пријателство.

– Договорот со Бугарија многу јасно предвидува градење на единство, на добрососедство и на пријателство. Договорот е двонасочна улица и двете страни имаат обврска. Нашиот исчекор беше прифаќањето на заедничка историја, исчекорот на Бугарија беше двата народи и македонскиот и бугарскиот народ и е потпишана на македонски и на бугарски јазик. Апсолутно идентитетските прашања, ниту една европска земја, ниту влада, ниту политика треба да ги става под прашање. Тоа прашање на самоидентификација, изјави Заев.

Важно е, нагласи Заев, дека Бугарија зема низ тој договор обврска да не поддржува во нашите европски и евроатлантски интеграции.

– Со Борисов разговаравме за Берлинскиот процес и како тоа да го организираме и како да ги мотивираме европските лидери да ни дојдат, оти одлучивме со физичко присиство да го правиме тоа. Тоа е 10 ноември, а потоа разговарваме и за економијата, изјави Заев.

Тој посочи дека во телефонскиот разговор со Борисов станало збор и за совладувањето на здравствено-економската криза предизвикана од COVID-19 и унапредување на економската соработка.

– Мудрите и паметни политики на неизбрзување, ја направија Република Северна Македонија да биде успешна во исполнување на своите стратешки цели од коишто пак зависи и животот дома, економски и перспективен за сите граѓани, оцени премиерот Заев во врска со прашањето дека Владата не реагираше на Меморандумот кој се појави во јавноста, дека Бугарија поставува услови за Северна Македонија од кои зависи преговарачкиот процес на земјата.

Заев повтори дека е потребна внимателност и да се даде шанса за постигнување на решенија. Тој посочи, дека изминатите 30 години, не научија дека така не се решаваат проблемите, туку само се таложат.

– Затоа и времето покажа, со Преспанскиот договор со Грција и Договорот со Бугарија дека политичарите кои носат храбри одлуки за својата земја, не значи дека губат избори, граѓаните знаат и да ги наградат, оцени Заев.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе