Заев: Притворот не треба да биде казна

Скопје, 19 ноември 2019 (МИА) – „Не ја знам одлуката на судот, но останувам конзистентен на своите политики дека притворот не треба да биде казна без разлика дали се работи за Катица Јанева, за Груевски или за било кој во општеството“, изјави вечерва премиерот Зоран Заев во емисија на Македонската телевизија.

Одговарајќи на новинарско прашање поврзано со одлуката за определување куќен притвор за поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, Заев рече дека оти притворите од 60, 90, 100, 200 или 300 дена се казна.

Нагласи дека верува во ефикасни судски процеси каде ќе се утврди вината и одговорност да си сноси осомниченото или обвинетото лице. Според него, потребно е да има одлука без разлика каква и да е. Рече дека не го обвинува само судството, туку и обвинителството.

– До ден денеска се прашувам како тоа Груевски е ставен по тој член за да делото брзо застаре, а другите не, кога сите ги слушавме бомбите кој тоа го организира. Јас не знам дали тука е судот или обвинителството и затоа зборувам за правосудството, рече Заев.

Смета дека треба да има ветинг и за политичарите, и во Министерството за внатрешни работи и во судството. 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more
 

Вести

Инспектори затекнале диви менувачници на Бит-пазар, но наместо да ги запечатат, им дозволиле да работат

Читај повеќе

Fox News открива: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Читај повеќе

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе