Македонија

Заев: Промените не ги носи една влада, туку сите граѓани

20. октомври 2019 - 15:00 | МИА

Скопје, 20 октомври 2019 (МИА) – Сите ќе треба двојно повеќе да работиме, двојно повеќе да направиме и да сме двојно подобри, објави денеска премиерот Заев на Facebook, нагласувајќи дека промените и реформите не ги носи една влада или 20 луѓе, туку сите два милиони граѓани.

– Треба сите да се промениме, сите да се реформираме. За да немаме загадување, треба да престанеме да загадуваме. За да немаме корупција, треба да престанеме да нудиме и прифаќаме поткуп. За да не си одат младите, треба да отвораме уште повеќе работни места. За да нѐ биде, мора да нѐ бива. Од нас зависи, од сите нас, наведе премиерот Заев во изјавата.

Коментирај