Заев со рејтинг 9,4%, Мицкоски 4,2% - покажа истражувањето на Брима Галуп

Според истражувањето на јавното мислење во врска со претстојните предвремени парламентарни избори, изработено и понудено од страна на реномираната агенција Брима Галуп, коалицијата „Можеме“ и претседателот на СДСМ Зоран Заев имаат најголем рејтинг меѓу граѓаните.

Истражувањето на Брима Галуп СДСМ го има откупено и располага со ексклузивно право за негова објава.

„Ве известуваме дека БРИМА четири пати годишно редовно спроведува Омнибус истражување повеќе години. Во рамките на ова истражување е и секцијата за социо-политички стандардизирани прашања во рамки на Политичкиот Барометар на БРИМА. Овие податоци кои се сопственост на БРИМА ги нудиме на потенцијални клиенти кои се заинтересирани за нив. Истражувањето во јунскиот бран се спроведе од 5 до 14 јуни 2020 со телефонска анкета (CATI) со национално репрезентативен примерок N= 1.174 испитаници на возраст 18+ години. Понудата ја прифати еден од клиентите со ексклузивно право на користење и објавување. Брима не ја објави анкетата, но потврдуваме дека истата ја спровела во наведениот период“, стои во соопштението на агенцијата Брима Галуп по недоразбирањата во врска со тоа кога била направена анкетата, кој ја спровел и објавил.

На прашањето за која политичка партија или коалиција ќе гласате доколку денеска се одржуваат парламентарните избори 18,7% од граѓаните одговориле дека би гласале за СДСМ. На второ место е ВМРО-ДПМНЕ со поддршка од 15,1% од граѓаните, а на трето место е ДУИ со поддршка од 8,2%.

Движењето БЕСА иако на овие избори настапува заедно со СДСМ има одделна поддршка од 2,6%. Доколку овие проценти се додадат кон поддршката на СДСМ, разликата меѓу коалицијата „Можеме“ и ВМРО-ДПМНЕ ќе биде 6,2 отсто, стои во извештајот.  Останати партии кои се појавуваат на анкетата се Интегра со рејтинг од 1,3%, Левица со 1,2% и ДПА со 0,6%.

Претседателот на СДМС Зоран Заев е политичар со најголема поддршка од граѓаните, стои во извештајот на Брима Галуп. 9,4 отсто од испитаниците одговориле дека најголема доверба имаат во претседателот на СДСМ Заев, додека 4,2 отсто се изјасниле за Христијан Мицкоски.

Во однос на проектираната излезност, 41 отсто од испитаниците одговориле дека сигурно ќе гласаат, додека 18,3 отсто дека сигурно нема да гласаат. Останатите би гласале со различен степен на веројатност но имаат поголема наклонетост кон гласање отколку кон неизлегување на изборите на 15 јули.

На прашањето кој е најголем проблем со кој се соочува државата, 29,1% од испитаниците рекле дека тоа е пандемијата со COVID-19. По нив следуваат невработеноста со 21,2%, економскиот развој со 14%, нискиот стандард со 9,4%, а потоа со помали проценти под 4% следуваат низок квалитет на државната администрација, општата политичка ситуација и криза, ниски плати и пензии, криминал и корупција, слабо функционирање на системот и иднината на младите.

За 73,2 отсто од испитаниците подобро е нашата државата да стане членка на ЕУ, додека 18,3 сметаат дека подобро е да не стане членка на ЕУ, а 8,6 отсто немаат одговор.

Во однос на почитување на мерките за заштита од коронавирсуот, 63 отсто од испитаниците одговориле дека повеќето од мерките за заштита се почитуваат од граѓаните, додека 34 отсто одговориле дека повеќето не се почитуваат, 3 отсто одговориле со „не знам“.

На прашањето за тоа колку се согласуваат дека „Промената на името во Република Северна Македонија и имплементацијата на Преспанскиот договор ќе придонесе кон подобрување на генералната ситуација во земјава“, 40,7% од граѓаните се изјасните дека целосно или делумно се согласуваат со ова тврдење, додека 36,8% целосно или делумно не се согласуваат со ова тврдење. 15,3% од испитаниците ниту се согласуваат ниту не се согласуваат, 4,4% не знаат, а 2,8% одбиваат да одговорат.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Македонија

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Read more
 

Вести

  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Читај повеќе

Пендаровски: Анализите ќе покажат дали граѓаните ме казнија мене поради СДСМ

Читај повеќе