Заев: Соработката со Русија не значи алтернатива за ЕУ и НАТО

Скопје, 14 ноември 2019 (МИА) – Реактивирањето на Мешовитата меѓувладина комисија со Русија не значи никаков наводен одговор кон ЕУ, туку единствено заложба за интензивирање на економската соработка, истакна премиерот Зоран Заев по денешниот Македонско-руски бизнис форум во Скопје.

На новинарско прашање дали ако не добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ, Кина и Русија може да бидат опција, Заев потенцира дека единствена алтернатива за земјава се ЕУ и НАТО.

– Ова не е никаква порака. Работиме на подигнување на нашиот стандард. Треба да правиме сѐ што носи бенефит за нашиот народ. Верувам дека аспирациите на земјава ќе се исполнат, но и дека паралелно ќе постигнеме економски просперитет, подвлече Заев.

Македонско-рускиот бизнис форум е во рамки на 9-тата сесија на Мешовитата меѓувладина комисија која ќе заседава утре во Охрид, а се активира по пауза од пет години.

Заев рече дека одлуката за одржување на Меѓувладината комисија е договорена уште во 2017 година.

– Терминот не е избран никако заради одредени пораки или слично. Секако знаете, Германија, Франција, Холандија сите соработуваат со Руската Федерација на економски план и апсолутно тоа не треба да значи никаква порака. Тоа значи дека ние работиме на унапредување на економските состојби во нашата земја. Потенцијалите пред нас се огромни заради ниското ниво на економска соработка што досега сме го имале со Руската Федерација. Сѐ што носи бенефит за нашиот народ треба да го правиме. И ние политичарите од овде и Руската Федерација и од Брисел и од Лондон и од Вашингтон и секаде, целиот свет тоа го прави. Ние сме модерна развиена земја, секогаш напоменувајќи дека нашиот пат е интеграција во ЕУ и НАТО и алтернатива за тоа нема, изјави премиерот Зоран Заев.

реклама

Маск: Пирамидите во Египет се изградени од вонземјани

Read more

За јавните личности и приватните газиња

Read more

СЗО: Во моментов нема конечно решение за коронавирусот, а можеби нема ни да има

Read more

Задолжителен Ковид тест за тие што се враќаат во Германија

Read more

Македонија

74 новозаразени, стигнавме до бројка од 500 починати од COVID-19

Read more

Џафери ја напушта Инфективна, можно е да ја води конститутивната седница

Read more

Конститутивна седница на Собранието утре, партиски разговори за формирање влада

Read more

За една недела стигнавме од 10 на 11 илјади заболени од COVID-19 во земјава

Read more

Вести

СЗО: Во моментов нема конечно решение за коронавирусот, а можеби нема ни да има

Читај повеќе

Момче исчезна во водите на Преспанско Езеро, потрагата е во тек

Читај повеќе

74 новозаразени, стигнавме до бројка од 500 починати од COVID-19

Читај повеќе

Задолжителна маска и на палубите на бродовите и траектите во Грција

Читај повеќе
  • play_arrow

Уапсен Ковачот - водач на мексиканската банда Санта Роса де Лима

Читај повеќе

Џафери ја напушта Инфективна, можно е да ја води конститутивната седница

Читај повеќе

Регистрирани 359 прекршоци за неносење маски во изминатите 24 часа

Читај повеќе

Неготинец лишен од слобода поради криумчарење мигранти

Читај повеќе

Задолжителен Ковид тест за тие што се враќаат во Германија

Читај повеќе