Македонија

Заев: Тамара направи ненамерна грешка и пропуст, химната се пее секој ден

4. јули 2019 - 12:56 | МИА
Скопје, 4 јули 2019 (МИА) – Ненамерна грешка и пропуст, вака премиерот Зоран Заев денеска го оцени интонирањето на македонската химна од страна на Тамара Тодевска на синоќешната прослава на Денот на независноста во Американската амбасада во Скопје.

Како што изјави Заев, Тамара веќе се извинила на Facebook, а тоа го направи и Амбасадата на САД како организатор на настанот.

– Се случуваат пропусти. Секако, нашата химна се пее секој ден, насекаде. Апсолутно, тоа само потврдува дека се работи за ненамарна грешка и пропуст за кој се извинија самите организатори, но и изведувачот, изјави Заев по денешното отворање на фабриката за месни производи на компанијата „Тиамо“ во општина Сарај.

За настанатиот пропуст, претходно, преку Facebook се извинија Тамара Тодевска и Амбасадата на САД.

– САД имаат длабока почит кон традициите, историјата, хероите и иднината на нашиот пријател, партнер и сојузник Северна Македонија. Им благодариме на нашите пријатели и колеги што синоќа со нас ја прославија нашата независност. Разбираме дека грешки можат ненамерно да се случат во емотивни моменти, но им заблагодаруваме на нашите пејачи за нивните прекрасни изведби, наведува Американската амбасада во објавата на Facebook.

Коментирај