Заев: Успеавме од споредниот балкански колосек да се вратиме на главниот автопат кон Европа

Скопје, 12 февруари 2019 (МИА) – Успеавме од споредниот балкански колосек на кој чекавме со децении да се вративме на главниот автопат кон Европа. Во периодот што следува ќе бидеме директни учесници во најзначајниот период од осамостојувањето на државата во кој сами ќе одлучуваме за нашата иднина, истакна премиерот Зоран Заев на свечената церемонија на која беше кренато знамето на НАТО пред зградата на Владата.

„Денеска го креваме знамето на НАТО, што заедно со европското и со нашето, ја одредува иднината, не само нашата туку и на нашите поколенија. Тоа не е само симболика, туку реалност. Тоа е нова страница во нашата историја“, рече Заев.

Оцени дека државата е на вистински пат кон прогрес и непречен развој и додаде дека иднината веќе не ни е судбина, туку судбината ја земаме во свои раце.

Им се заблагодари на првиот претседател на државата и врховен командант на вооружените сили Киро Глигоров, на прерано загинатиот претседател Борис Трајковски, на Парламентот и пратениците, како и на сите институции на системот за остварувањето на најзначајната стратешка цел на државата, а благодарност упати и до медијаторот Метју Нимиц, до меѓународната заедница, до грчкиот министер за надворешни работи, како и до грчкиот премиер Алексис Ципрас за визионерството и храброста да се најде решение за еден, како што рече, за многумина нерешлив проблем.

„Ние со својата мирољубива политика ќе докажеме дека членството во НАТО е најдоброто решение за стабилноста на земјата и за стабилноста на регионот. Сакаме да бидеме пријатели не само со членки на НАТО и ЕУ, туку со сите соседи и сите големи сили“, нагласи Заев.

Порача дека без оглед што станува збор за настан од историско значање, сепак газиме цврсто на земја и оти нема повеќе место за еуфорија. – Да бидеме успешни и да ги забрзаме историските процеси, со истата истрајност како за Договорот од Преспа. Сите да се посветиме на членството во ЕУ. Тоа значи да ги средиме односите во нашиот дом, во нашето семејство, во нашата татковина, да функционираме како систем и како општество. Правда и нула толеранција за корупцијата. Во институциите нема место за оние кои со своето работење ја изневеруваат доврбаста за лични интереси и привилегии, корупцираните ќе се соочат со одговност, Поткуп, личните интересди и привилегии нема да бидат начин на кој се води бизнисот во нашата земја. Секој мора да ги следи правилата, порача Заев.

На свечената церемонија присуствуваа министри во Владата, поранешни премиери, претставници на дипломатскиот кор, воени аташеа и претставници на други државни институции. Не присуствуваше актуелниот претседател на државата Ѓорѓе Иванов, како и поранешниот претседател Бранко Црвенковски.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе