Заев ветува 100 илјади нови работни места, 36.000 денари просечна и 18.000 минимална плата

Скопје, 28 февруари 2020 (МИА) – Сто илјади нови работни места во нов цел четиригодишен мандат вети денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев, претставувајќи ја економската програма во пресрет на предвремените парламентарни избори.

Заев најавува поддршка од 600 милиони евра за бизнисот, односно 300 милиони евра поддршка од државата за домашни и странски инвестици  и уште 300 милиони европски средства за развој на домашната економија.

Со ова, како што рече, невработеноста која сега изнесува 17,1  ќе ја намалат под осум проценти, односно под 20 проценти кај младите, која во моментот е 35 проценти.

Претседателот на СДСМ истакна дека во новиот мандат ќе продолжи растот на платите, односно просечната плата ќе порасне на 36 илјади денари, а  минималната на 18 илјади денари.

Дел од плановите што ги претстави се и за 20 отсто повисоки плати на вработените во образованието и здравството, унапредување на условите за работа во ИТ индустрија во кој сектор ветуваат да го намалат персоналниот данок на нула проценти во 2023 година.

Според Заев, изминатите 2,5 години Владата направила сериозен исчекор на економски план, а политиките што ги спроведувале отвораат простор за уште поголем раст.

– Следуваат четири години мандат за најголем скок на нашата економија, рекордно намалување на невработеноста и рекорден раст на платите. Уште повеќе ги поддржуваме домашните фирми а со членството во НАТО носиме рекорден број странски инвестиции, наведе Заев.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе