Новогодишно обраќање

Заев: Во новата 2020 година да го направиме најдоброто за нашата земја

Скопје, 31 декември 2019 (МИА) – Премиерот Зоран Заев, во новогодишно обраќање до граѓаните, посакува подобро и поубаво утре, здравје и исполнетост со радост и топлина порачувајќи секој да го направи најдоброто за државата и  да си ветиме посветеност на заедништво и солидарност. Во Новата година државата ќе стане членка на НАТО, силно ќе чукаме и на портите на ЕУ на која има што да и кажеме, вели Заев и нагласува дека за државата останува обврската за целосно воспоставување на правна држава.

– На неколку часа пред Новата Година, кога сите сме со нашите најблиски, ви посакувам подобро и поубаво утре, здравје и исполнетост со радост и топлина. Некои наши сограѓани вечерва ќе бидат на работните места, во болниците, во Полицијата, во противпожарните служби, во Армијата – ќе се грижат за земјата и за нашата сигурност. На сите нив, да им оддадеме почит и признание, наведува Заев во новогодишното обраќање.

Премиерот посочува дека 2020 година, за припадниците на нашата Армија и на сите граѓани, ќе биде година за паметење, бидејќи Северна Македонија и формално ќе стане членка на најмоќниот сојуз – НАТО.

– Ништо нема да не запре и силно ќе чукаме и на портите на ЕУ зашто имаме што да кажеме. Бидете горди на овие постигнувања. Денес сакам да си ветиме дека во 2020 уште повеќе ќе го разгориме пламенот на заедништвото и солидарноста. Дека ќе ги негуваме и одржуваме љубовта и разбирањето кон другиот. Тоа се толку едноставни, а толку големи чекори. Да продолжиме да бидеме пример за кој сите зборуваат, посочува премиерот.

Заев натаму наведува дека секој човек е важен и затоа инвестираат во граѓаните, во иднината, во децата, и без исклучок во целиот народ бидејќи, како што вели, тоа е нашето најголемо богатство.

– Драматично го свртевме социјалниот курс, ја правиме нашата земја социјална и праведна држава. Наша заедничка обврска е да овозможиме сите луѓе да ја добијат шансата што ја заслужуваат, да ги искористат своите вештини, посочува Заев.

Дополнува дека пред земјава останува обврската целосно да се воспостави правната држава.

– Постојано да си честитаме што успеавме да ги вратиме слободата и демократијата. Да се храбриме бидејќи имаме економија која платите ги влече напред, како никогаш до сега. Бидејќи економијата од минус ни отиде во плус. Но, да биде јасно, пред нас е обврската за целосно воспоставување на правна држава. Нема отстапки, нема шминки и брзи поправки, туку темелна реформа. Јас ќе направам сѐ за да го оствариме тоа. Останете посветени на правдата, вашата поддршка е суштинска за да успееме, наведува Заев.

Премиерот во новата година посакува секој од нас да го направи најдоброто за нашата земја.

– Посакувам да сме сите живи и здрави и со најголема радост да ги дочекаме сите новородени во 2020 година, со решеност дека ќе обезбедиме топол и безбеден дом за секое дете, за секој човек. Во новата 2020 година, посакувам секој од нас да го направи најдоброто за нашата земја. Покрај обврските на државата, придонесот на граѓаните е многу важен за македонската иднина. Затоа, секој нека покаже како се сака сопствената земја. Ништо не е поважно од тоа. Ви посакувам од длабочината на моето срце, среќна, успешна и незаборавна нова 2020 година, наведува премиерот во новогодишното обраќање до граѓаните. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Read more

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more
 

Вести

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе