Заев за Deutsche Welle: Груевски се пазари за амнестија

Во интервју за Deutsche Welle лидерот на СДСМ, Зоран Заев одговори на новинарско прашање дали Никола Груевски директно или индиректно барал гаранции за негова и за амнестија на одредени лица од неговото најблиско партиско и семејно окружување.

„Да, Груевски ова што го прави, го прави за да се пазари за амнестија. Амнестија нема да има. По сѐ што слушна јавноста што сѐ Груевски правел – ќе оди на суд. Ќе има независен судски систем, судот ќе ја цени неговата вина. Но бегање од соочување со правдата – нема. Ветив на граѓаните, Македонија ќе биде правна држава и правдата ќе важи подеднакво за сите“, гласи одговорот на Заев.

Понатаму, во интервјуто тој вели:

„Мора да има одговорност и за извршителите на насилното крваво сценарио во Парламентот, но и за нарачателите. По она барање за амнестија од организатори и мотиватори на протестите, но и по вчерашната реакција на ВМРО-ДПМНЕ со оправдување на насилствата, јасно е кои се нарачателите – Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со Иванов, Вељаноски, Чавков. Јасно е, станува збор за организирано насилство со лица од институции на системот и ова е уште еден доказ дека на Македонија итно ѝ се потребни промени. И промени ќе има. Секој кој сторил дела против граѓаните и државата, ќе мора да се соочи со правдата. Во соработка со стручната јавност и со граѓаните ќе обезбедиме професионален, праведен и независен правосуден систем, а ќе ги ослободиме и институциите да работат независно, во интерес на граѓаните. Да, тоа е процес, но одлучни сме да го обновиме државниот систем во којшто, како што гледаме, има остатоци од режимот во распаѓање.“

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе