Заев за договорот со Бугарија: Може и да не биде потпишан

„Договорот за добрососедство со Бугарија ќе биде потпишан во три јазични верзии – англиски, македонски и бугарски. Ако биде договорен, ќе биде потпишан и на нашиот официјален македонски јазик и ќе стои потписот на премиерот на Бугарија. Тоа е важна работа за Македонија, тоа е признавање на нашиот јазик“, истакна премиерот Зоран Заев на денешната собраниска седница одговарајќи на обвинувањата од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека се крие содржината на договорот што, според нив, им штети на македонските национални и државни интереси.

„Бугарија е првата земја што ја призна Република Македонија под уставното име. За овој договор претходната власт правеше искрени напори и видов до каде се стигнати, нешто за што немав информации како шеф на опозицијата. Видов дека се стигнати во сериозна фаза и тоа го поздравувам. Требаше веќе да го завршиме. Ги знам разговорите и на поранешното раководство на Владата , информиран сум процедурално онака како што личи за се. Бугарија преку овој договор сака искрено да ги тргне тегобите што постоеле помеѓу двата соседа за да ја поддржи Македонија на својот пат кон ЕУ“, рече Заев.

Тој наедно нагласи дека од императивно значење е Македонија да напредува кон ЕУ и НАТО.

„Бугарија ја признава нашата посебност и нема проблем со тоа. Но, истовремено не можеме да кажеме дека немаме дел од заедничка историја на Балканот овде, во Европа или слично. Да не прејудицираме нешто што би било поприлично незгодно по вакви прашања што се од заеднички интерес за стратешките определби зад коишто сите стоиме, а тоа се ЕУ и НАТО. Затоа да бидеме навистина внимателни“, истакна Заев.

Во делот на учебниците, Заев рече дека за тоа ќе треба да се изјаснат експертите.

„Дајте ние политичарите да обезбедиме амбиент да градиме пријателство. На оваа наша земја и требаат соседите и повеќе пријатели. Во тој дух се обраќам за да информирам дека ние можеби ќе немаме договор. Никој не може да каже дека ќе постигнеме договор. Јас сум среќен што направивме уште еден чекор по повеќе успешни чекори што, пред мене и пред оваа влада, биле направени“, рече премиерот Заев во Собранието.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе