Заев за ИБНА: Договорот создава подобра иднина за Македонија и Грција

Атина, 13 јули 2018 (МИА) - Договорот создава пријателство и соработка, но и перспективи за граѓаните на двете земји, вели македонскиот премиер Зоран Заев во изјава за Независната балканска новинска агенција (ИБНА), кусо по потпишувањето на поканата за интеграција на Македонија во НАТО.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, изјавата на премиерот Заев, во текстот под наслов „Нашата интеграција во НАТО ќе биде во корист на народите и во двете земји“, ИБНА,  ја пренесува како порака до Грците .

-Интеграцијата во НАТО ќе ги зајакне безбедноста и стабилноста во регионот и ќе придонесе за зголемување на инвестициите во целиот регион. Убеден сум дека со оваа разврска, резултатите ќе бидат позитивни како за граѓаните на Грција, така и за граѓаните на Македонија. Од овој аспект, сакам уште еднаш да ги истакнам пораката и важноста на овој договор. Договорот создава пријателство и соработка, но и перспективи за граѓаните на двете земји, вели македонскиот премиер.

Заев во изјавата, ги повикува грчките граѓани, исто како што ги повикува и македонските, да ги искористат можностите од договорот кој што „создава подобра иднина за Грција и Македонија“.

- Секако на крајот на целиот процес, по спроведувањето на референдумот и по промените во Уставот, ние, како што прифативме, ќе се викаме Северна Македонија. Паралелно, како што Грција ги прифати термините македонски јазик и македонски народ, така и ние го прифативме терминот грчки Македонци со посебностите на нивното културно наследство. Убеден сум дека пријателството што го имаме изградено, може да донесе, со взаемно почитување и взаемно признавање, само позитивни резултати за денешните генерации, а особено за следните генерации, порачува премиерот Заев во изјавата за ИБНА, пренесе МИА.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Кардиолог: Единственото нешто полошо од кафе е кафето со млеко

Read more

Регион

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more

Пленковиќ и Мицотакис се можни наследници на Фон дер Лајен

Read more

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more
 

Вести

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе

УЈП: До 26 април продолжен рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Читај повеќе