Заев за МИА: Законот мора подеднакво да важи за сите без разлика за кого станува збор

Скопје, 16 јули 2019 (МИА) – Ја почитуваме пресумпцијата на невиност, но истовремено сите индиции и докази мораат до крај да се процесуираат за да се докаже невиноста или вината на кој било инволвиран во истрагите, рече денеска премиерот Зоран Заев во интервјуто за МИА давајќи коментар на последните случувања во врска со вчера обелоденетата истрага „Рекет“ во која Бојан Јовановски и Зоран Милевски се осомничени за изнудување пари од бизнисмен за да влијаат да се олесни постапката против него врз одреден јавен обвинител. Случајот се поклопи со ненадејната оставка на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која како што рече, вчера обвинителката Вилма Рускоска не е предмет на истрага, но сепак нејзиниот мобилен телефон бил конфискуван за да се утврди евентуалната комуникација меѓу неа и Бојан Јовановски.

Заев  во интервјуто за МИА вели дека со отворањето на овој случај се демонстрира јасно и недвосмислена борба против организираниот криминал и корупцијата и се враќа довербата во правната држава и во владеењето на правото.

-Законот мора подеднакво да важи за сите без разлика за кој се работи. Во случајот веќе има двајца осомничени, а како што слушнав од медиумите е конфискуван и телефонот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за да утврдат дали постои конекција меѓу неа и првоосомничениот. Поради тоа што се работи за високо позиционирана личност тоа дава мотив за секаков вид политичкки шпекулации. Според мене, Јавното обвинителство треба да каже дали таа е злоупотребена во целиот овој процес или инволвирана во овој процес. Тоа е коректно да се каже, бидејќи се злупотребуваат секаков вид на аругменти за да некој прави политички конструкции или слично, рече Заев.

Нагласи дека отворањето на овој случај дека земјата има организиран систем којшто си ја врши својата работа.

Тој упати апел до други бизнисмени доколку биле  таргет на рекет да го пријави во ЈО за да може да се добијат сите докази и аргументи што ќе ја даде целата слика.

реклама

Македонија

Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Read more

Јакимовски: Најголема шета ѝ се прави на Македонија ако не се излегува да се гласа

Read more

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9% повеќе во споредба со претходните претседателски избори

Read more

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Читај повеќе

Јакимовски: Најголема шета ѝ се прави на Македонија ако не се излегува да се гласа

Читај повеќе

Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9% повеќе во споредба со претходните претседателски избори

Читај повеќе

Одзивот до 15 часот е 35,89 отсто, најмалку гласале во Центар Жупа

Читај повеќе

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Одзивот до 13 часот е 26,35 отсто – најмногу гласале во Новаци, а најмалку во Врапчиште

Читај повеќе

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Читај повеќе

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Читај повеќе

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Читај повеќе