Заев за средбата Пендаровски-Мицкоски: Поборник сум за дијалог, од средбата нема зијан, само добивка

Премиерот Зоран Заев, по повод најавената утрешна средба меѓу претседателот Стево Пендаровски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, рече дека е приврзаник на дијалогот и оти дијалогот носи консензус, потсетувајќи дека и неговите разговори со Мицкоски, како и со лидерите на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, дале резултати.

– Сето ова е во прилог да им служиме подобро и поефикасно на граѓаните. Така што ќе има средба на претседателот на државата Пендаровски со претседателот на најголемата опозициска партија Мицкоски може да биде само прилог, нема ништо зијан. Ќе соопштат тие сѐ што ќе разговараат, ќе слушнеме, но еве јас да апелирам што и да е нека се бараат решенија нормално, но секако да се почитуваат вредностите за кои огромното мнозинство на нашето население очекува да бидат испочитувани од сите без разлика дали е тоа Владата, претседателот, опозицијата или слично за теми за коишто се најавува и дека се разговара, рече Заев.  

Тој повтори дека на последната средби со Мицкоски, а потоа и со Села и Гаши постигнале одреден успех.

– Сите тие дадоа ако не целосен, барем делумен резултат. На првата средба договоривме одлагање на пописот и денеска сите стоиме на одлагање на пописот, прифативме отпечаток на прст, постапките веќе ДИК ги води и ќе го спроведеме ваквиот процес. Баравме за возврат одблокирање на застанатите закони. Верувам дека во иднина овие 27 закони што се блокирани се уште во Парламентот, на ваков или таков начин ќе бидат одблокирани затоа што дијалогот носи кон консензус, а преку тоа граѓаните имаат придобивки, кажа Заев.  

Посочи и дека вториот дел од Законот за државјанство веројатно е решен, но бара тоа да се соопшти од предлагачите, Алијанса на Албанците и Алтернатива и додаде оти вчера бил одржан последниот состанок на работно ниво, а сега следуваат техничките аспекти.

-Вчера се одржа последен состанок каде текстуалниот дел, предложен од Алијанса на Албанците и Алтернатива беше разгледан од министерот Спасовски. Јас го прочитав, исто и другите служби што се вклучени, но повикано е МВР. Политички се расчистија дилемите. Сега останува државниот секретар Магдалена Несторовска заедно со пратеничката на Алијанса на Албанците, која беше на работната средба и нивните правни тимови, ова што политички е разговарано да го стават на хартија. И ако е тоа ок, се пушта во Собранието од страна на предлагачите Алијанса и Алтернатива со поддршка на владејачкото мнозинство. Нема веќе амандмани. Преработено е законското решение, ако тоа на крајот се потврди, а треба да се потврди како што е разговарано, логично е дека ќе ги повлечат амандманите, рече Заев.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Македонија

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Read more

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Read more

Променливо облачно време со температури до 24°C

Read more

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Read more
 

Вести

  • play_arrow
  • filter

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Читај повеќе

3,85 отсто е одзивот во првите 2,5 часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Читај повеќе

Во првите 2,5 часа од гласањето пријавени се само технички проблеми

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Читај повеќе
  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе