Загадениот воздух го убива витаминот Д

Загадениот воздух на кој се изложени многу граѓани во земјава, особено во есенските и зимските месеци, има опасни последици по човечкото здравје.

Меѓу нив е и намалувањето на витаминот Д во телото, кој е пресуден за одржување на целокупното здравје.

Витаминот Д е неопходен за организмот бидејќи ја помага апсорпцијата на калциум и фосфор од исхраната и на тој начин ги зајакнува коските и забите.

Ниското ниво на витамин Д се поврзува со слабеење на имунитетот што може да резултира со почеста појава на инфекции на респираторниот систем, но и хронични заболувања на срцето и крвните садови, појава на дијабетес, депресија и карциноми.

Ова се симптомите што ќе ви помогнат навреме да интервенирате во случај да имате недостиг на витамин Д:

Зголемено потење

Ако одеднаш почнете да се потите повеќе од вообичаено, без некоја посебна причина за тоа, како зголемена физичка активност, а температурата на телото стандардно ви е 37 степени Целзиусови, треба да го проверите нивото на витамин Д во организмот.

Исцрпеност и слабост

При недостиг на витамин Д во организмот ќе почувствувате слабост и исцрпеност, дури и кога сте доволно одморени и наспани, без разлика дали вежбате редовно или не. Истражувањата покажуваат дека внесувањето суплементи со витамин Д помага во контролирањето на подвижноста на мускулитре, а кај лицата постари од 60 години го намалува ризикот од паѓање и повреди за 20 отсто.

Хронична болка

Понекогаш ја занемаруваме болката што не е интензивна, иако свесно ни предизвикува непријатност или неудобност, како постојана болка во мускулите, зглобовите, коските. Тоа е знак дека ви недостига витамин Д во организмот. Ако болката не престане по неколку недели веднаш направете анализа на крвта.

Лошо расположение

Хроничниот недостиг на витамин Д може да предизвика депресија. Не е точно утврдено кој механизам го предизвикува тоа, но можно е витаминот Д да влијае на хормоните како серотонин кој влијае на расположението.

Храна богата со витамин Д: говедски и телешки црн дроб, жолчка од јајце, туна, сардина, шитаке печурки, млеко, јогурт, бадемово млеко, сок од портокал, тврди сирења, мешункаст зеленчук.

Суплементите со витамин Д секогаш земајте ги со храна. Витаминот Д е најдобро да го земете рано попладне бидејќи може да ви го попречи циклусот на спиење.

реклама

„Протече“ документ: Путин најде нов сојузник во ЕУ, се подготвува средба во Москва

Read more

ФСБ објави досега невидени снимки од масакрот во Москва, во кој загинаа 149 луѓе

Read more

Мелони го крена Сенатот на нозе: Не жалам за Берлинскиот ѕид, ни за руските тенкови

Read more

Ролат по стариот добар рецепт сѐ по 6

Read more

Здравје

Хемоглобин A1c: Што ни кажува овој крвен тест за шеќерот во нашето тело?

Read more

Зимско или летно сметање на времето: Што е подобро за здравјето?

Read more

Како кардио тренингот може да придонесе за здравјето на косата?

Read more

Сувата уста по будењето не секогаш е знак за жед

Read more

Магазин

Телото ви е во различна временска зона наутро: Феноменот одговорен за понеделничкиот пекол

Читај повеќе

Дали е подобро да вежбате пред или по појадокот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто воопшто ставаме ловоров лист кога готвиме?

Читај повеќе

Хемоглобин A1c: Што ни кажува овој крвен тест за шеќерот во нашето тело?

Читај повеќе

Што треба да направите во вашата градина во октомври?

Читај повеќе

5 планети се ретроградни: Враќање на бившите, соочување со вистината

Читај повеќе

Смрдливките во овој период од годината влегуваат во домовите: Како да се ослободите од нив?

Читај повеќе

Зимско или летно сметање на времето: Што е подобро за здравјето?

Читај повеќе

Како кардио тренингот може да придонесе за здравјето на косата?

Читај повеќе