Нова студија на израелски научници покажа дека загадувањето на воздухот, особено она предизвикано од издувните гасови од автомобилите и големите фабрики, може да влијае на значително зголемување на стапката на аутизам кај децата, а за тоа придонесува и изложеноста на мајката на загадување за време на бременоста.
„Откритието дека помалите честички, особено ситните честички - PM2.5, како и азотниот оксид, кои се создаваат при согорувањето на горивото, успеваат да стигнат до плацентата за време на бременоста преку мајчиниот организам и влијаат на развојот на мозокот на фетусот“, тврдат научниците чиј труд на таа тема беше објавен во медицинското списание Brain Medicine во ноември.
Изложеноста на трудниците на загаден воздух негативно влијае на имунолошкиот систем на мајката, а бремените жени и децата се особено опасност во регионите со екстремно високо загадување на воздухот, велат научниците и апелираат да се преземат соодветни мерки за заштита на трудниците од оваа опасност.
„Различни видови на невролошки нарушувања, вклучително и нарушување на спектарот на аутизам, може да се поврзат со овој фактор на загадување на животната средина“, вели водечкиот автор на студијата Хајтам Амал од Хебрејскиот универзитет во Ерусалим.
„Се чини дека времето на изложување на азотен оксид е од клучно значење бидејќи изложувањето на овие загадувачи за време на бременоста и раниот постнатален развој на детето претставува значителен ризик за развој на аутистични нарушувања (ASD), со оглед на тоа што е клучен дел од невроразвојен процес“, објасни Амал, додавајќи дека лицата со генетска предиспозиција за ASD може да бидат уште почувствителни на штетните ефекти од изложеноста на азотен оксид.
Студијата опфати и други загадувачи на воздухот за кои е откриено дека го зголемуваат ризикот од развој на аутизам.
Авторите на студијата предупредуваат дека еден од нив е бензенот, кој се наоѓа во издувните гасови на возилата, се создава како нуспроизвод на индустриските процеси, а го има и во чадот од тутунот.
Истражувањата чии резултати беа објавени минатата година укажуваат на поврзаност помеѓу загадениот воздух и чувствителноста на новороденчињата за развој на астма, церебрална парализа и проблеми со менталното здравје подоцна во животот, додека загадувањето на воздухот во тој период е поврзано и со зголемување на зачестеноста на бактерии отпорни на антибиотици.