Здравје

Загадувањето може да го зголеми ризикот од спонтан абортус за 50 проценти

16. октомври 2019 - 15:54 | М.С.

Загадениот воздух може да биде една од причините зошто бремените жени доживуваат спонтан абортус, тврди новата студија.

Истражувачите од Пекинг спроведоа истражување за да го пронајдат одговорот дали постои поврзаност помеѓу загадувањето и спонтаниот абортус.

Во списанието Nature Sustainability е објавена студијата во која учествуваа тим од научници кои ги истражуваа резултатите на повеќе од 250.000 жени.

Истражувачите ги споредуваа бременостите на жените кои се изложени на сумпор-диоксид и јаглерод моноксид.

Научниците заклучија дека 10 микрограми сумпор-диоксид на метар кубен го зголемува ризикот од абортус за 41%, а постојаната изложеност на загаден воздух го зголемува ризикот од абортус за 52 отсто.

Професорот Занг, кој е авторот на студијата, истакнува дека овие тврдења ќе помогнат да се подигне свеста за животната средина и загадувањето.

„Во меѓувреме, нашата студија помогна да заклучиме дека постои врска помеѓу загадувањето на воздухот и репродуктивното здравје. Трудниците или жените кои планираат бременост, мора да се заштитат од изложеност на загаден воздух, не само за сопственото здравје туку и за здравјето на плодот,“ вели професорот Занг.

Освен тоа, и да не дојде до абортус, загадениот воздух доаѓа до плодот во мајчината утроба и тоа може да има последици по здравјето на бебето.

Лекарите советувааат бремените жени да не се изложуваат на загаден воздух доколку се во можност и да практикуваат здрави животни навики, првенствено да престанат да пушат.

Коментирај