Хроника

Загина 15-годишно девојче во сообраќајка кај Струмица

12. јануари 2019 - 11:11 | МИА

 Утрово во 04:30 часот било пријавено дека на излез од Струмица кон с.Дабиле, патничко моторно возило „Фолксваген кеди“ со струмички регистaрски таблици, управувано од Ф.С.(21) од с.Радово-струмичко, излетало од патот.

На местото на настанот починала сопатничка на возраст од 15 години од с.Радово-струмичко. Возачот и другата сопатничка Н.С.(20) со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Медицинскиот центар во Струмица за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот се врши од страна на увидна екипа од СВР-Струмица.

Коментирај