Хроника

Загина пешак во сообраќајка

1. декември 2018 - 11:30 | МИА

Во сообраќајна несреќа во Македонска Каменица вчера загина пешак.

На улица „28-ми Август“ во Македонска Каменица, вчера во 15:40 часот Т.Н.(40) од Кочани, управувајќи патничко возило „Мерцедес бенз“ со кочански регистарски ознаки, удрил во пешакот А.Б.(87) од Македонска Каменица.

А.Б. починал на местото на настанот.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Делчево.

Коментирај