Трагични вести доаѓаат од Холандија. Во сообраќајна несреќа загинаа 16-годишниот фудбалер на Ајакс, Ноа Гесер, и неговиот 18-годишен брат.
Се судриле со такси комбе и починале на лице место. Возачот на комбето е во болница и добро се опоравува.
Веста беше потврдена од Ајакс утрово.
„Ајакс ја прими страшната вест дека Ноа Гесер почина. Младиот 16-годишен играч загина во сообраќајна несреќа со брат му во петокот вечерта. Ноа Гесер е роден на 27 февруари 2005 година. Од тогаш играше за Ајакс 2018. Младиот напаѓач тогаш дојде од Алфенс Бојс и претходно играше за Алмере Сити и ВВИЈ. Тој оваа сезона требаше да биде дел од тимот на Ајакс до 17 години“, пишува холандскиот клуб во соопштението.