Заглавени во минатото: Авиокомпании сѐ уште користат флопи дискови

Флопи дисковите се стари половина век, денес речиси никој не ги употребува, но затоа имаат широка упоотреба во авиоиндустријата - авиокомпаниите и натаму ги порачуваат и ги користат.

Том Перски, кој за себе вели дека е „последниот човек во бизнисот со флопи дискови“, е основач на компанијата и сопственик на интернет страницата floppydisk.com која продава и рециклира флопи дискови. Исто така, компанијата обавува и трансфер на дискови, нуди програми за рециклирање, а на уметници ширум светот им продава и користени или расипани диксови.

Меѓутоа, Перски тврди дека неговите главни клиенти и натаму се индустриски корисници кои користат флопи дискови за внесување информации во машини и обратно. Вели дека авиокомпаниите и натаму користат флопи дискови од кои половина се постари од 20 години, а во тоа време овие дискови беа најдобрата достапна технологија.

„Авиокомпаниите се огромен потрошувач, а тука е и медицинската опрема која бара користење флопи дискови за внесување и вадење информации од медицинските уреди“, вели тој.

Секогаш постојат луѓе кои некои предмети ги чуваат за одржување во живот на носталгијата, а некои од нив купуваат и по 50 флопи дискови.

Компанијата British Airways за време на памндемијата со коронавирусот во 2020 година повлече од употреба еден од своите примероици на авион Boeing 747-400, а истражувачите на компанијата Pen Test Partner пронајдоа 3,5-инчен флопи диск во кокпитот, кој се користел за вчитување на клучни навигациски бази на податоци.

Remote video URL

Впечатокот е дека флопи дисковите ќе останат во употреба сѐ додека се користат стари авиони кои се произведени пред 20 и повеќе години.

Инаку, флопи дисковите (floppy disk) се измислени од компанијата IBM во 1967 година, а на пазарот беа претставени во 1972. Тогаш имаа формат од 8 инчи. Во 1976 година настана форматот од 5,72 инчи, а во 1982 година дојдоа оние најпознатите со формат од 3,5 инчи.

реклама

Русија гради нуклеарен контејнерски брод за арктичкиот коридор

Read more

Како да носите прстен и што всушност значи прстот на кој го ставате

Read more

Додека другите војуваат, Кина воведува закон за „етничко единство“

Read more

Русите не се плашат од бомби: Продолжуваат да градат нуклеарки во Иран

Read more

Вести

Google „отклучи“ тајна функција: Вашиот Android телефон наскоро ќе биде значително побрз

Read more

Скопје повторно „Crazy for AI“: Вештачката интелигенција ја менува креативната индустрија

Read more

Зошто не можеме да ги чуеме вонземјаните? 

Read more

Бил Гејтс доби дозвола за револуционерен нуклеарен реактор

Read more
 

Гик

Google „отклучи“ тајна функција: Вашиот Android телефон наскоро ќе биде значително побрз

Читај повеќе

Лаптопите можно е да поскапат и до 40% годинава

Читај повеќе

Скопје повторно „Crazy for AI“: Вештачката интелигенција ја менува креативната индустрија

Читај повеќе

Што имало во ковчегот што пред 127 години паднал „од небо“?

Читај повеќе

Зошто не можеме да ги чуеме вонземјаните? 

Читај повеќе

Sony ги налути гејмерите: Што е со цените?

Читај повеќе

Бил Гејтс доби дозвола за револуционерен нуклеарен реактор

Читај повеќе

Суперкомпјутер разби голема заблуда за Сонцето: Не се однесува како што верувавме со децении

Читај повеќе

Nvidia речиси целосно го контролира пазарот на графички картички

Читај повеќе