Загреб може да го снајде земјотрес 30 пати посилен од оној во март

Во Загреб ноќеска и утрово се регистрирани послаби земјотреси, а голем број жители на хрватскиот главен град се во постојан страв од нов голем земјотрес, пишува порталот Index.hr.

Последици од земјотресот во Загреб на 22 март годинава

Разорниот земјотрес кој во март предизвика голема материјална штета го смени животот на жителите на Загреб, а Томислав Фикет од хрватската сеизмолошка служба за РТЛ изјави дека релаксацијата на почвата и помалите земјотреси можат да продолжат.

Фикет предупреди и дека постои можност Загреб да биде погоден од посилен земјотрес отколку во март, затоа што, како што објасни, колку и да се драстични последиците, за жал, „тоа не е максималната енергија што може да се очекува да се ослободи во областа на Загреб“.

– За областа на Загреб, тоа е од 6,3 до 6,5 степени според Рихтеровата скала. Тоа е околу 30 пати посилно од земјотресот на 22 март. За областа на Дубровник, тоа е околу 7 степени, рече Фикет.

Хрватската сеизмолошка мрежа се состои од само 17 постојани станици, додека, на пример, Италија има илјада, а Словенија 50 такви станици.

– Едноставно сме земја која има неблагодарна форма и за да можеме подобро да ја покриеме територијата, потребна ни е густа мрежа на станици, за што немаме средства, нагласи Фикет, додавајќи дека ваквата густа мрежа ќе реши два проблеми.

– Автоматската локација, која тогаш е многу поквалитетна, и дежурните служби за цивилна заштита би добивале точни информации за времето и местото на земјотресот. Вториот е да собереме значително поголем број податоци за слабите потреси, што ќе ни помогне да научиме повеќе за сеизмичноста на Хрватска и да донесеме некои подобри заклучоци, рече Фикет.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе