Загрозен родот на какао поради сушата во Западна Африка

Големите пристаништа во Брегот на Слоновата Коска, најголемиот светски производител на какао, добија значително помалку пратки на почетокот на 2023 година поради недоволните врнежи, што го намали родот, велат извозниците и земјоделците.

На почетокот на 2023 година, во пристаништата Абиџан и Сан Педро пристигнуваа само 70.000 тони какао неделно, споредено со 115.000 тони неделно во ноември и декември, според проценките на извозниците.

„Падот е драстичен и неочекуван. Бевме на високо ниво во декември, а во јануари сè одеднаш пропадна“, рече директорот на компанија за извоз на какао со седиште во Абиџан и Сан Педро. Од почетокот на сезоната на 1 октомври до 29 јануари пристигнаа вкупно 1.540 милиони тони зрна какао.

Се очекува испораките да се намалат до крајот на главната берба во февруари и март, а можеби и во втората берба, во април и мај, доколку врнежите не станат поредовни, изјавија за Reuters извозниците, земјоделците и откупувачите. Главната берба на какао во Брегот на Слоновата Коска трае од октомври до март, а втората берба од април до септември.

Одгледувањето на какаото бара обилни врнежи, со сончеви периоди, за да може зрната да се исушат. Западна и Централна Африка моментално е во средината на сушната сезона, која трае од средината на ноември до март.

„Навистина немаме многу дожд од септември. Во октомври и декември падна само еднаш или двапати, недоволно за навистина да му помогне на какаото да расте добро“, рече одгледувачот Едуард Куаме Куадио, сопственик на плантажа за какао во селото Габеаџи во близина на Сан Педро.

Единаесет други земјоделци се пожалија на временските услови во интервју за Reuters, додавајќи дека ситуацијата дополнително ја влошува недостигот на ѓубрива, чии цени се удвоија од 2021 година.

„Без ѓубриво, производството не е добро“, рече Салиф Кујате, кој одгледува какао на површина од пет хектари во Соубре.

Некои одгледувачи успеаја да соберат само половина јутена вреќа од 80 килограми за две недели. Во периодот од октомври до декември береле по осум вреќи неделно. Купувачите и посредниците во трговијата со какао рекоа дека одлучиле привремено да ги затворат продавниците за да ги намалат трошоците.

„Не мислиме дека ситуацијата ќе се промени пред втората жетва. Не очекуваме дожд бидејќи не е сезона, така што нема да има многу какао пред мај“, рече Давид Куаси, купувач во Сан Педро.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Бизнис

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Read more

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Read more

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Read more

Раст на Волстрит по три дена пад

Read more
 

Вести

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе