Свет

Загрозено физичкото и психичко здравје на Џулијан Асанж

25. јануари 2018 - 12:29 | К.З.

Основачот на Wikileaks, Џулијан Асанж, кој во јавност ги изнесе воените злосторства, сега се наоѓа во тешка психофизичка состојба поради долгогодишниот престој во затворената амбасада на Еквадор, рекоа докторите кои го прегледале.

Во писмото кое го објави британскиот весник Guardian стои дека докторите го предупредиле Асанж за неговото здравје, за кое сметаат дека е нарушено.

„Иако резултатите од прегледот треба да останат помеѓу докторот и пациентот, нашето професионално мислење е дека затвореноста влијае на неговото психичко и физичко здравје, што претставува кршење на неговите човечки права на здравствена заштита“, стои во писмото.

Доколку Асанж ја напушти амбасадата и излезе на улица, ќе биде уапсен од британската полиција поради „прекршување на одредбите за условна слобода“ иако обвинувањата против него се одамна отфрлени.

Џулијан Асанж стравува и од потерницата која за него ја испрати САД, каде е баран поради објавувањето на тајни документи за војната во Ирак. Тој од јуни 2012 година се наоѓа во амбасадата на Еквадор.

Коментирај