Загубениот град Атлантида е конечно пронајден?

Легендата вели дека земјотрес за еден ден и една ноќ го потонал островот Атлантида во океанот, и тој засекогаш останал загубен во внатрешноста на земјата. Сепак, сега се појави уште една во низата на теории, која, наводно ја открива вистинската локација на загубениот град.

Загубениот град Атлантида со години наназад претставува една од најголемите мистерии. После бројните тврдења за митскиот остров, сега теоретичарите на заговор велат дека ја откриле точната локација, наведувајќи дека таа цело време била пред нас, пишува британскиот магазин „Mirror“.

За Атлантида прв зборуваше грчкиот филозоф Платон, чии книги датираат околу 360 години пред нашата ера. Според приказните, кои денеска станаа легенда, островот Атлантида потонал во океанот за еден ден и една ноќ, па е загубен засекогаш, бидејќи боговите ги казниле луѓето поради нивната ароганција.

Теоретичарите на заговорот долго време ја бараа локацијата на митскиот град, со претпоставки дека можеби станува збор за островите Санторини, Сицилија, Крит или Кипар.

Меѓутоа, на каналот „Bright Side“, на YouTube, се појави нова теорија, според која структурата Ришат во африканската пустина Сахара, наводно има голема сличност со познатите детали за Атлантида, кои се пишувани илјадници години наназад.

Структурата Ришат е уште позната и како „Окото на Сахара“, а се наоѓа во градот Оудане во западна Мауританија. Се сметаше дека овој бизарен, кружен облик, по кој и ова место го носи името, е создаден после удар на астероид, но не постојат доверливи докази кои докажуваат дека тоа е вистина.

Сепак, научниците сметаат дека структурата мора да биде природна појава. Меѓутоа и тоа не мора по секоја цена да биде така, ако можеме да веруваме во теоријата на порталот „Bright Side“.

Платон во своите текстови пишува дека Атлантида е уништена 11.600 година пред новата ера, што временски се совпаѓа со теоријата која се поврзува со структурата Ришат во Сахара, според која токму во тој период овде удрил астероид предизвикан од леденото доба.

Но, случајностите не завршуваат овде.

Како што пишува на „Bright Side“, структурата Ришат има надворешен пречник на кругот од 23,5 километри. Во записите на Платон, Атлантида имала 127 стадиуми, што денеска би изнесувало 23,49 километри.

Платон исто така во своите текстови ја опишува Атлантида со следните зборови: „Имаше алтернативни зони на морето и копното кои се оцртуваа во вид на круг, постоеја две земји и три води“.

Интересно е тоа што описот навистина е многу сличен со изгледот на структурата Ришат, кога таа се набљудува од сателит.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Живот

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Харизматични, неодоливи и вистински господа – најпосакуваните мажи во хороскопот

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе
Како да направите совршени американски палачинки?

Како да направите совршени американски палачинки?

Читај повеќе

Топ 10 европски градови кои најубаво мирисаат

Читај повеќе