Недостатокот на железо обично е резултат на загуба на крв и може да се појави на која било возраст. Проблемот со недостаток на железо во крвта најчесто го доживуваат жените за време на бременоста.
Поради недостаток на железо во крвта се јавува анемија, а железото може да се надомести преку додатоци во исхраната, но и со секојдневно консумирање на храна богата со железо. Анемија може да се појави поради недоволен внес на железо, намалена апсорпција на железо поради промените за време на бременоста и доењето.
Иако состојбата на анемија е честа појава, многу луѓе не знаат дека имаат недостаток на железо. Некои од симптомите на умерена и тешка анемија може да бидат општ замор, слабост, бледа кожа, отежнато дишење, вртоглавица, пецкање во нозете, студени дланки, забрзано чукање на срцето и чести главоболки.
Анемијата може да се појави и кај мажите и кај жените во кој било период од животот. Некои луѓе може да имаат поголем ризик од дефицит на железо од другите, како што се бремени жени, луѓе кои често даруваат крв и луѓе што јадат нездрава исхрана.
За да го надоместите количеството на железо во крвта, треба да ја регулирате исхраната и да промените одредени животни навики. Можете да го зголемите внесот со само два оброка на ден кои имаат поголема доза на железо. Во храната, железото најдобро се апсорбира од масни извори, а кога се зема преку овошјето и зеленчукот треба да се комбинира со храна која има многу витамин Ц.
Храната која најмногу може да помогне во лекувањето и спречувањето на недостаток на железо се црвеното месо и внатрешни органи, лосос, жолчки, спанаќ, аспарагус, зелена салата, компири, домати, репа, суви праски, кајсии и грозје, сок од сливи, агруми, капини и лубеница.